Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра цел меч за домашните кои постигнаа по два гола во полувреме и на крајот заслужено прокнижија големи три бода за бегство од опасната зона на табелата
„Граѓаните“ го поразија Јунајтед пред 75.000 гледачи на „Олд Трафорд“ со 2:0 и се вратија на чело на табелата со бод повеќе од Ливерпул на три кола до крај на сезоната. Вулверхемптон, пак, ги порази „топчиите“ со 3Ч1 и ги запре во напредокот кон зоната што води во Лигата на шампиони за наредната сезона
Фудбалерот на Саутемптон погоди во шестата секунда во мечот со Вотфорд за место во историјата на елитното англиско фудбалско друштво и тешко е веројатно дека некој ќе може да го потисне. Досегашен сопственик на најбрзиот гол во Премиерлигата беше Ледли Кинг кој се запиша во листата на стрелци за 9,82 секунди
Сицилијанците одиграа 1:1 со екипата на Падова, втора одзади на табелата, во меч од 32. коло. Трајковски се запиша во листата на стрелци во 14 минута и заедно со Илија Несторовски одиграа цел натпревар за домашните
Со минималниот триумф над Славен Белупо во Копривница, „модрите“ имаат недостижни 23 бода повеќе од Риека
По поразот во Лисабон со 2:4, бундеслигашот славеше на домашен терен со 2:0 и се придружи на Челзи, на Валенсија и на Арсенал во големата четворка. Филип Костиќ во 37. минута и Себастијан Роде во 67. минута беа стрелци за тимот од Франкфурт кој во полуфиналето го очекува двомеч со Челзи
Венсан Компани, капитен на екипата, истакна дека и тој и неговите соиграчи се свесни за издатоците на кои се изложуваат фановите за присуство на нивните натпревари, па нивниот гест, како што рече, е за помош и на некој начин за возвраќање на неверојатната поддршка што ја имаат во текот на целата сезона. Мечот за титулата е против Вотфорд на „Вембли“ на 18 мај
„Граѓаните“ победија со 4:3 против „спарси“ во реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампиони, но екипата од Лондон продолжува во полуфинале благодарние на минималниот триумф во првата средба. Ливерпул и на „Драгао“ го совлада Порто со 4:1 и се потврди како дел од најдобрата четворка во ЛШ и во оваа сезона. „Црвените“ од „Енфилд“ ќе играат со Барселона за место во големото финале на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а Тотенхем ќе игра двомеч со Ајакс
„Копјаниците“ од Амстердам го совладаа Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување на УЕФА. Противник на Ајакс во полуфиналниот двомеч ќе биде подобриот од дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем. По минималниот триумф на Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот меч, Каталонците победија и во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:0
Вардар и Шкендија по четврти пат одиграа без победник во осумте последни дуели во Првата фудбалска лига. Овојпат на стадионот…
Загрепските „модри“ славеа на гостувањето кај Истра 1961 со 4:0 за потврда на нова титула во хрватското првенство. Голеадата на стадионот „Алдо Дросина“ во Пула ја отвори токму македонскиот репрезентативец во 20 минута што е негова втора реализација на клупски план во сезоната
Јувентус го доживеа само вториот пораз во сезоната и ќе мора да почека на наредна прилика за потврда на новото…