Browsing: фудбал

Вака реши Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница како награда за националите по одличниот почеток во циклусот на квалификации за ЕП 2020. За нов потпретседател на Куќата на фудбалот е именуван велешанецот Лазар Ракиџиев, Марјан Стојкоски, пак, во иднина ќе биде национален координатор на македонските селекции

„Црвените“ на стадионот „Енфилд“ го поразија португалскиот состав со 2:0 со головите на Кеита во петтата минута и на Фирмињо во 26., „спарси“, пак, со 1:0 ги совладаа „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Единствениот гол на „Вајт Харт Лејн“ беше дело на Сон во 78. минута, Агеро промаши пенал во 13. минута за гостите од „Етихад“

Македонскиот репрезентативен фудбалски напаѓач го постигна единствениот за сицилијанците во триумфот над Верона (1:0) во меч од 30. коло во Серија Б. Во листата на стрелци се запиша во 46. минута и одигра цел натпревар за домашните. Стартер за Палермо беше и Александар Трајковски кој излезе од игра во 87. минута. 

Излез од резултатската криза не донесе ниту тренерската смена (Жикица Тасевски поднесе оставка, Баже Лазаревски го наследи) и по ремито (1:1) против Македонија Ѓ.П., дебармаалци ремизираа и со Беласица (1:1) во 26. коло во македонската фудбалска Прва лига

Тоби Алдервејрелд ја смести топката во сопствената мрежа на што кумуваше и Уго Лори со лошата интервенција во финишот на средбата за триумф на „црвените“ на „Енфилд роуд“ со 2:1 кои сега имаат два бода повеќе од Манчестер сити, но и меч повеќе