Browsing: фудбал

Португалецот потпиша двегодишен договор од кој ќе инкасира 12 милиони евра. На шампионот на Турција му се придружи како слободен играч и за самиот потпис доби четири милиони евра колку што ќе изнесува и неговата заработувачка по сезона

Покрај велшкиот првак, првите пречки ги минаа и екипите на Хибернијанс (Малта), на Линфилд (С. Ирска), на Алашкерт (Ерменија) и на Викингур (Фарски Острови). Од второто коло се приклучува и Вардар кој го очекува двомеч со Малме

Фудбалерите на Прогрес Нидеркорн ги понижија „ренџерси“ и со триумфот од 2:0 на домашен терен го анулираа минималниот пораз на „Иброкс парк“ за сензационален пласман во второто квалификациско коло

Турскиот интернационалец е шесто летно засилување за „росонерите“ по Борини, Мусачо, Кеси, Силва и Родригез. Неговиот трансфер во тимот од „Сан Сиро“ е тежок 20 милиони евра и дополнителни четири во вид на бонуси

Стоперот со тимот од Бирмингам, кој патем е поранешен европски првак, ќе потпише договор на една година вреден 3,5 милиони евра и веднаш ќе се приклучи на подготови на екипата за наредната сезона во Чемпионшип дивизијата

Напаѓачот, според најавите, се очекува во Лондон најдоцна до среда и по минување на лекарските прегледи да стане и официјално член на „топчиите“. Трансферот го потврдија голем број од медиумите во Франција и во Англија

„Панцерите“ во финалето во Санкт Петербург за еден гол беа подобри од Чиле (1:0). Стрелец на единствениот погодок на стадионот „Крестовски“ беше Ларс Штиндл во 20 минута по асистенција на Тимо Вернер за прва титула во натпреварувањето што се одржува од 1992 година колку што имаат и Аргентина, Мексико и Данска. Франција има два освоени пехара, најтрофеен е Бразил со четири. Бронзениот медал за Португалија која по продолженија, во меч за третото место, го порази Мексико со 2:1

Дуелот на „Миејски“ во Познањ во четвртокот го следеа околу 19.000 гледачи кои на крајот задоволни го напуштија стадионот. Најголема посета во 49. меча беше забележана во Глазгов каде „ренџерси“ го дочекаа Нидеркорн од Луксембург пред 48,681 гледач

Според британските медиуми, управата на „црвените ѓаволи“ ќе плати 70 милиони евра за услугите на шпанскиот репрезентативец што засега го прават да биде најскап фудбалер во летниот преоден рок

Фаворизираниот полски состав го совлада македонскиот Куп освојувач со 4:0 и уште од сега може да размислува за наредниот двомеч во натпреварувањето и покрај реваншот на 6 јули на стадионот „Младост“ во Струмица

Македонскиот вицешампион го совлада молдавскиот со 3:0 во првиот меч од првото квалификациско коло за мирен реванш на 6 јули во Кишињев. Стрелци за тетовци на стадионот „Младост“ во Струмица беа Бесарт Ибраими во седмата минута од пенал, Марјан Радески во 11. зголеми на 2:0, а истиот фудбалер во 75. го постави конечниот резултат