Browsing: истражување

Според студијата, за 56 проценти од вработените во Германија денес е можна привремена работа од дома, додека пред пандемијата, се користеше само половина од тој потенцијал. Покрај тоа, една анализа на огласени работни места и лица кои бараат работа на LinkedIn покажува дека бројот на прегледи на огласи за работа од дома се зголемил за повеќе од двапати

Влошената ситуација, велат оттаму, за само неколку месеци драстично го намалила бројот на скептиците кои на почетокот на кризата веруваа дека заканата од вирусот е претерана, од 73 отсто во март на 44 отсто во јуни, оставајќи ја јавноста поларизирана околу идејата дека до крајот на годината животот во земјата би се вратил полека во нормала (46 отсто)

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење за искуствата и перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекциски служби спроведено од НВО Инфоцентарот. а поддржано од Амбасадата на САД

Листата на безбедни земји која крена многу врева, не е резултат од истражување на „Форбс“, туку на цитирани податоци од истражување на организацијата Deep Knowledge group

Во однос на вклучувањето на јавноста во креирање на националниот буџет, Македонија има оценка 0 (од 100) за јавната вклученост со што се наоѓа на најниското место во регионот, се вели во независното меѓународно компаративно истражување што е базирано на факти и користи меѓународно признаени критериуми за оценка на јавниот пристап до информации поврзани со државниот буџет

Истражувањето на ИПИС и religija.mk е направено со поддршка на КАС (Конрад Аденауер) и дел е од серијалот истражувања на јавното мислење за перцепцијата на граѓаните во мултиконфесионални општества

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека најголема потреба од пожарникари има во Скопје, над 200, по што следуваат Тетово со 65 и Гостивар со 52. Од законски предвидените, во Куманово недостасуваат 49 пожаникари, во Битола 32 и во Прилеп 26. Противпожарните единици во земјава располагаат со вкупно 241 возило со просечна старост од 28 години. Најстари возила (35 години) има во Кратово и во Делчево, најнови во Велес и во Демир Хисар (20 години)

Дури 59 отсто од младите сметаат дека на луѓето со поинаква сексуална определеност – припадниците на ЛГБТ заедницата не им е местото во политиката, а 84 отсто од нив сакаат лидер со „цврста рака“, покажува истражувањето на Вестминстер фондацијата направена во соработка со Младинскиот образовен форум, а со поддршка на британската амбасада

Ова се дел од резултатите на тригодишно истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ преку Индексот на отвореност, како алатка на проектот ACTION SEE финансиран од Европската Унија