Browsing: Избор

За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ плус ДУИ и ДПА има мнозинство од 62 пратеника во Собранието. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека ќе учествува во дебатата за избор на нова Влада и како што изјави партискиот портпарол Димче Арсовски ќе гласа „против“

На попладневното продолжение на конститутивната седница на законодавниот дом, тој беше реизбран со 62 гласа „за“, 43 „против и ниту еден „воздржан“. Во гласањето не учествуваа пратениците од коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива

Техничкиот премиер во својство на сведок во Кривичниот суд нагласи дека за предлогот имал поддршка од над десет пратеници, а претседателот на Собранието, по Деловник морал да го стави таквиот предлог на гласањ

Пратениците гласаа со прозивање и имаа избор или да го кажат името на Сакеларопулу што значи глас „за“ или да кажат „присутен“ што е еднакво на глас „против“. Позитивно се изјаснија пратениците од „Нова демократија“, од СИРИЗА и „Движењето на промена“, а „присутни“ гласаа 33 пратеници од „МЕРА25“, Комунистичката партија на Грција и „Грчко решение“. На специјалната седница во грчкиот Парламент гласаа 294 од 300 пратеници од кои 261 беа „за“ предлогот на владата за нов претседател на државата

СДСМ и ДУИ, како што дознава НОВА, доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери барање да се објави оглас за избор на заменик – директор на оваа институција, откако на Насер Адеми, кој досега беше потписник и ја вршеше работата на главниот ревизор мандатот му заврши на 4 октомври