Browsing: Кариера

Смртта, според извори во МВР, настапила како последица на струен удар во неговата викендичка во Орешани. Дополнително ќе биде одреден датумот за комеморација и погреб на доајенот на Драмски театар и македонското актерство

Легендарниот Италијанец го имаше последниот настап против Колумбус во четврт-финалето на источната конференција во американската МЛС лига. Наредниот месец му истекува договорот со клубот во САД, се шпекулира дека нема да потпише нов, дека наскоро ќе објави крај на кариерата и ќе биде промовиран во нов соработник во стручниот штаб на неговиот сонародник на „Стемфорд бриџ“ во Лондон

Веста ја потврди Дамир Мишковиќ, претседател на клубот од „Рујевица“. Македонскиот фудбалски репрезентативец го напушта хрватскиот првак и, според најавите, за ден-два се очекува и официјално да биде промовиран во португалскиот гигант

Австралискиот тенисер со хрватски корени кој некогаш беше пред светла кариера, денеска е во надолен тренд. Арогантно ќе изјави дека нема мотиви на тенисот, здодевно му е на теренот и не пропушта да ги истакне заработените милиони во изминатите години што веројатно му удрија во глава

Од ВТА турот се повлекува со заработувачка од преку десет милиони евра. Во моментот на објавување на одлуката е 317 тенисерка во светот. Освои седум титули во кариерата, на гренслем турнирите играше полуфинале на Австралија опен и четврт-финале на Ју-Ес опен и на Вимблдон

Според британските медиуми, управата на „црвените ѓаволи“ ќе плати 70 милиони евра за услугите на шпанскиот репрезентативец што засега го прават да биде најскап фудбалер во летниот преоден рок

За репрезентацијата на Хрватска дебитира во 2002 година, а се повлече во март во 2016 година. За тоа време одигра 104 средби и постигна 20 гола. Смени неколку клупски средини во кои прослави вкупно 13 трофеи

Капитенот на „волчицата“ имаше спектакуларна разделба со клубот и навивачите. Од претседателот Џејмс Палота доби врамен дрес со златна бројка 10 на грбот, наследникот со капитенската лента Даниеле де Роси му подари сувенир со изгравирани потписи на сите клупски колеги, а од публиката овации, аплаузи, песна и скандирање на неговото име што вечно ќе ги памети