Browsing: Корона-вирус

Од нив се бара и во најкус можен рок да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, но и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Макао, Филипини, Јужна Кореја, Сингапур и Тајван

Поради вирусот, наречен Ковид-19, во Јужна Кореја е одложен почетокот на учебната година, забележани се два нови смртни случаи на здравствени работници во Кина, околу 380 странци во Северна Кореја во карантин

Крузерот го напуштија 500 лица кои не покажаа симптоми на корона-вирус. Нивните тестови беа негативни и немаа никаков контакт со заболените лица, наведе јапонското Министерство за здравство. Лицата без симптоми и со негативни тестови притоа ќе добијат потврда дека „не претставуваат никаков ризик за зараза со корона-вирус“

Нашиот државјанин, како што се посочува, во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската Амбасада во Токио е во комуникација со него на дневна основа, но и со останатите двајца Македонци кои сè уште се наоѓаат на крузерот и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот

Донесената одлука е од времен карактер поради суспензијата на летови на авиокомпаниите од и кон Кина како резултат на ширењето на коронавирусот, информираат од Пошта на РСМ. Ситуацијата, пак, во спротивен правец е непроменета и пратките од Кина пристигнуваат според вообичаената динамика