Еден смртен случај, 139 нови пациенти и 239 оздравени од Ковид-19

Во изминатото деноноќие се направени 1.627 тестирања со позитивни резултати кај 30 лица во Скопје, 20 во Куманово, 19 во Гостивар, 15 во Штип, по осум во Струга и во Кавадарци, по шест во Свети Николе и во Тетово, пет во Кочани, четири во Кичево, по три во Охрид и во Македонски Брод, по две во Дебар, во Битола, во Струмица и во Демир Хисар и по едно лице во Прилеп, во Гевгелија, во Берово и во Делчево

МВР: Казни за 511 лица за неносење маски

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирало 511 прекршоци за неносење лична заштита на лице. Од...

Грција ја продолжи забраната за влез на државјани на трети земји до 31 август

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати. Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит на патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници

Еден смртен случај, 141 нов пациент и 161 оздравен во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие се направени 1.885 тестирања со позитивни резултати кај 39 лица во Скопје, 23 во Штип, 18 во Кичево, 13 во Гостивар, 10 во Куманово, осум во Тетово, шест во Струга, по три во Битола, во Кочани, во Демир Хисар, во Македонски Брод и во Виница, по две во Охрид и во Крива Паланка и по едно лице во Прилеп, во Пробиштип, во Берово, во Кратово и во Свети Николе

Ковид-19 никако да стивне: Активни 3.327 случаи, апели за почитување на мерките

Од Министерството за здравство (МЗ) вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките. Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита

Авион од Скопје со 24 позитивни лица на Ковид-19 слетал во фински Турку

Министерката за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру информира дека на аеродромот било организирано доброволно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два неодамнешни авионски летови од Северна Македонија и од Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска