Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Лионел Меси
На листата на добитниците на престижната награда за најдобар стрелец во Европа се наоѓа и Дарко Панчев кој во сезоната 1990/91 постигна 34 гола во дресот на Црвена звезда во Првата лига на поранешна Југославија
Каталонците славеа со 5:2 во второто коло во Примера, мечот од ложата на „Камп Ноу“ го следеа Лионел Меси и Луис Суарез во друштво на нивните синови
Аргентинската фудбалска ѕвезда може да поднесе жалба во рок од седум дена за одлуката што значи негово отсуство од националниот тим за мечевите на „гаучосите“ против Чиле, против Мексико и против Германија во септември и во октомври
Споредбата излезе на површина во време на женското Светско првенство што се одржува во Франција на кое фудбалерките дигнаа глас и побараа поголеми бонуси за настапи. Најдалеку отидоа американските репрезентативки кои поднесоа тужба против Фудбалската федерација на САД за полова дискриминација со забелешки дека нивните машки колеги се фаворизирани во делот на подготовки, на медицински персонал и на патувања
Каталонците славеа со 3:0 во првиот полуфинален меч во ЛШ што долго ќе остане во меморијата на Аргентинецот. На овој ист ден пред 14 години го постигна првиот гол за Барса, денеска му пресуди на Ливерпул со два со кои стигна до бројката од јубилејни 600 во кариерата. Притоа по јубилеен 100 пат ја носеше капитенската лента
Аргентинската ѕвезда со Барселона со бруто месечна заработувачка од 8,3 милиони евра, Португалецот во Торино добива 4,7 милиони евра
Ова го тврди Ернесто Кастилјо, спортски коментатор во земјата на „гаучосите“. Според него, ѕвездата на Барселона нема донесено одлука за дефинитивен крај на кариерата во националниот туку решил само да „олади глава“
Аргентинецот го симна Андерс Иниеста од вечната листа на најтрофејни играчи по триумфот на Каталонците над Севилја со 2:1 во шпанскиот Суперкуп. Последниот освоен пехар е негов 33. во 13. години колку што е дел од шпанскиот гигант, период во кој освои девет шампионски пехари во Примера, осум во Суперкупот на Шпанија, шест во Купот на Шпанија, четири во Лигата на шампиони и по три во европскиот Суперкуп и на Светското клупско првенство
Погодокот на Агеро во 19. минута го поништи Финбогасон во 23. минута и резултатот до крај остана непроменет. Меси не реализира пенал во 64. минута. Ударот од белата точка на ѕвездата на Барселона го одбрани Халдорсон
Каталонците славеа на гостувањето над Депортиво ла Коруња со 4:2 во претпоследниот меч од 35 коло за осигурување на двојна круна во домашната сцена во оваа сезона. Тимот од „Риазор“ и дефинитивно се сели во понизок ранг за сезоната 2018/19, судбина со која претходно се помирија и екипите на Лас Палмас и на Малага
Ѕвездата на Барселона веќе има едно повлекување зад себе. Се збогува со националниот тим по поразот на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016 година меѓутоа подоцна се предомисли и повторно се стави на располагање на стручниот штаб
Барселона ги совлада лондонските „сини“ со 3:0 и ја комплетира четвртфиналната осумка во елитното натпреварување на УЕФА. Ждрепката е во петок во Нион