Browsing: Македонија
Јавното претпријатие за државни патишта, заклучно со 30 декември лани, реализирало 84,67 проценти од планираните инвестиции во Годишната програма. Сликата на терен ја обележаа пуштањето во употреба на автопатот Миладиновци – Штип и продолжување со изградба на автопатот Кичево – Охрид за кој беше обезбеден дополнителниот заем од 178 милиони евра
Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски за кого функцијата во ваков период, како што рече, претставува силен предизвик и голема лична, професионална и политичка одговорност. Тој до Собранието достави програма за работа на Владата, чија основна цел е организирање фер и демократски избори.
Согласно Пржинскиот договор, се формира на 100 дена до избори, во случајот за предвремените парламентарни на 12 април. Преодната Влада се избира во Собранието со просто мнозинство. Премиер на претходната беше Емил Димитриев, на претстојната е предложен Оливер Спасовски
На состанокот на Мешовиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ што изминатите два дена се одржуваше во Стразбур е оддадено признание на земјава за постигнатите резултати и посочени се областите каде што е потребен напредок
Дури 59 отсто од младите сметаат дека на луѓето со поинаква сексуална определеност – припадниците на ЛГБТ заедницата не им е местото во политиката, а 84 отсто од нив сакаат лидер со „цврста рака“, покажува истражувањето на Вестминстер фондацијата направена во соработка со Младинскиот образовен форум, а со поддршка на британската амбасада
Отворањето на преговори за членство во Европската Унија треба да е одраз на заслуги за да има успех и за…
Кредитната агенција во својот извештајот наведува дека потврдата се должи на низата кохерентни макроекономски и финансиски политики и подобрите индикатори за управување, развој на човечки ресурси и околина за водење бизнис. Според „Фич“, домашната политичка ситуација е нормализирана по подолг период на „политичка парализа“ од 2014 година до 2017 година, а процесот на евроинтеграција останува приоритет на земјата и двигател на реформите
Со таков статус во државата, според порталот аналитика,мк, има 8.221 регистрирана фирма од кои 442 лани „свртеле“ речиси 200 милиони евра
Меѓу „бурните“ искуствата во неговиот петгодишен мандат ги наведе и кризата на еврозоната во Грција, вжештени дискусии за миграцијата и доаѓањето на власт на Доналд Трамп
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и…
Двајцата државници во текот на минатиот месец остварија телефонски разговор по кој македонскиот премиер добил уверување за скоро формирање на шпанската Влада
Во Законодавно-правната комисија мнозинство немаат ниту владејачките партии, ниту опозицијата, но тоа не значи дека автентичното толкување на СДСМ нема да добие поддршка. Освен од СДСМ, пратениците од најголемите партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се уште директно не кажале во јавноста како ќе гласаат. „Интергративците“ официјално не се изјаснуваат со свој став, но дел од медиумите повикувајќи се на партиски извори објавија дека тие пред да изградат свое мислење ќе консултираат правни експерти. Помалите парламентарни партии како ЛДП, Алијанса за Албанците и Движењето Беса посочуваат дека не поддржуваат амнестија.
