Browsing: Македонија

„Денот на независноста – 8 септември во 1991 година ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои“, истакна премиерот Зоран Заев од местото „Школка“ во Градски парк на прославата на 28 години од референдум за независна, суверена и самостојна држава

Годинашни лауреати се Борачот Томе Коцев, спортскиот лекар Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и легендата на ФК Вардар, Кочо Димитровски. Признанието за животно дел го доби Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата на Македонија

Конечни 1:1 во Бер Шева што остава простор за задоволство, за дилема дали уште вечерва требаше да биде поништен еден од двата домашни пораза во јуни, но и неизвесност дали ќе биде реализирана победничката мисија во понеделник против Летонија во Рига за комплетно враќање во игра за второто место на табелата

Натпреварот е вечерва во Бер Шева во 20.45 часот. Доколку останат непоразени, „црвено-црните“ ќе останат во игра за второто место во групата Г и со голема самодоверба ќе продолжат за Рига каде во недела ги очекува и дуел со Летонија

Директорот на Агенцијата за национална безбедност на првиот работен ден изјави дека новата институција е самостојна и надвор од рамките на МВР. Според Димовски, она што ја прави Агенцијата современа е воспоставениот систем на парламентарна и граѓанска контрола на работењето, истакнувајќи дека ќе биде постојано отворена за увид во нејзината работа и ќе ги почитува високите законски стандарди за таа цел

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа изрази надеж за надминување на разликите меѓу власта и опозицијата во врска со ЈО. За случајот „Рекет“, рече дека лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ, за, како што вели, да се испита, на некој начин, дали институциите созреале со реформите што се направени во изминатиот период

Македонската селекција вечерва загуби од скандинавскиот спаринг партнер со 2:3 по сетови, резултат со кој славеше во првиот меч. До дебито на Европските првенства преостануваат контролни мечеви со Украина и Бугарија или Белгија на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“ на 30 и 31 август и двомеч со Австрија во Сент Полтен на 5 и 6 септември