Browsing: Македонија

Францускиот амбасадор ја испрати пораката за време на отворањето на меѓународната конференција „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско-германската перспектива“ во организација на Европското движење и Фондацијата „Конрад Аденауер“

„Црвено-жолтите“ ја совладаа Турција со 26:25 и го презедоа врвот во групата 3 во квалификациите за завршниот турнир во Шведска, Австрија и Норвешка во јануари догодина. До крајот на циклусот уште и мечот со Грција на 16 јуни во Струмица

По Полска, бодови од Скопје однесе и Австрија која вечерва славеше со 4:1 во четвртото коло во групата Г. Двапати Арнаутовиќ, по еднаш за Австријците погодија Лазаро и Лајмер со помош на Бејтулаи, почесниот за „црвено-жолтите“ беше дело на Хинтерегер. Наредниот меч за македонскиот националниот тим е во Израел на 5 септември

Бугарското ВМРО, чиј лидер е тамошниот вицепремиер, во соопштение до медиумите вели дека „Скопје не сака да признае оти Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него“. Според Каракачанов, македонските политичари сугерирале Комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“

Полска славеше вечерва на националната арена „Тоше Проески“ со 1:0. Погодокот на Камил Глик од 47. минута беше доволен за победникот во дерби мечот од третото коло во групата Г. Веќе во понеделник во Скопје ќе гостува и селекцијата на Австрија

Северна Македонија беше една од 64. држави во заедничкото истражување на Галуп и на Ворлдвајд Индепендент Нетворк. Во секоја учествувале по околу 1.000 граѓани (вкупно 62.398) кои одговораа на единствено прашање „дали би се бореле за својата земја и би го дале животот за неа ако има војна“ пришто позитивно се изјасниле над една третина од анкетираните

Според амбасадорот на Исламската Република Иран, Хусеин Керими, меѓу шест и осум милиони Иранци годишно излегуваат од земјата за туристички цели и ќе биде задоволително ако се успее да се привлече барем еден отсто од нив