Browsing: Мастерс

Бугаринот во полуфиналето го совлада Џек Сок од САД со 4:6, 6:0 6:3 и за првпат во кариерата ќе игра за трофеј на завршниот турнир во сезоната. Белгиецот, пак, претходно го елиминира Роџер Федерер со 2:6, 6:3, 6:4

Американскиот тенисер го совлада Германецот со 6:4, 1:6, 6:4 во директен дуел за второто место во групата „Борис Бекер“ и за финале ќе игра против Бугаринот Григор Димитров. Во второто полуфинале Федерер ќе игра со победникот од денешниот судир меѓу Доминик Тим и Давид Гофан

Шпанскиот тенисер ја обнови повредата на десното колено на Мастерсот во Париз. Болките во меѓувреме не престанаа што резултира со втор негов отказ на голем турнир во низа и покрај напорите во меѓувреме за санација на проблемот. На негово место во групата А е уфрлен Пабло Карено Буста

Шпанецот во полуфиналето славеше против Марин Чилиќ со 7:5, 7:6 во меч што траеше два часа и 12 минути за 16 победа во низа на АТП турот. За титула ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро

Австралиецот во полуфиналето го елиминира Давид Ферер со 7:6, 7:6, резултат со кој и Бугаринот беше подобар од Џон Изнер. За женскиот трон на турнирот вечерва ќе разигруваат Симона Халеп и Гарбине Мугуруза

Украинката во финалето во италијанскиот главен град ја совлада Симона Халеп со 4:6, 7:5, 6:1 како најава за добрата форма на земјена подлога пред Ролан Гарос. Во машкото финале попладнево ќе играат Ѓоковиќ и Александар Зверев

Србинот загуби само еден гем во полуфиналето со Доминик Тим (6:1, 6:0) за петти меч за титула во Вечниот град. Неколку часа претходно го доврши и Хуан Мартин дел Потро во прекинатото четврт-финале како најава дека неговата форма оди во нагорна линија пред вториот гренслем во сезоната – Ролан Гарос што почнува на 28 мај