Browsing: МВР

Од МВР не обелоденија кои поранешни функционери ќе имаат телохранители на државна сметка, но акциите кои ги потенцираат како ризични по безбедноста, сите се реализирани во време кога на чело на Министерството беа двоецот Јанкулоска – Мијалков.

Според извори на НОВА од безбедносниот сектор, Уредбата се менува за да може министерот за внатрешни работи Митко Чавков, да има одврзани раце да додели обезбедување на екс функционери на кои им завршила оваа законска можност

Според Кривичниот законик, за делото за кое е осомничен Митровски – „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, е предвидена казна затвор од една до десет години.

Жешкиот костен околу кој преговорите вечерва запнувале, како што дознава НОВА, се ингеренциите на министерот на МВР за предлози и смени во кадровската политика, а не одело лесно ниту со едно од најгорливите прашања – медиумите

Од специјалното обввинителство ниту потврдуваат ниту демантираат дека на средбата со високиот американски дипломат Викторија Нуланд, обвинителката Катица Јанева побарала поддршка од неа за формирање на специјален ваков оддел во МВР