НБА лига: Атланта му нанесе прв пораз на шампионот Кливленд

„Јастребите“, во дербито на вечерта, го добија шампионот со 110:106 со тројката на Бејзмур на шест секунди до крајот. Пресуди одличната одбрана во најголем дел од средбата. Гасол од одбојка му донесе победа на Мемфис против Денвер

НБА лига: Дурент ја „растури“ Оклахома

Голден Стејт триумфира со 122:96, ѕвездата на „вориорси“ постигна 39 коша од кои, рекордни, седум тројки во неговата кариера. Вестбрук запрен на, скромни за него, 20 поени со оглед дека има просек од над 34 во оваа сезона

(ВИДЕО) НБА приказна: Немаше за пелени, сега има милионски договор

Џонатан Симонс, резервистот на Сан Антонио Спарс, и неговиот животен пат до соблекувалната на Грег Попович ги фрла во втор план индивидуалните остварувања на кошаркарските ѕвезди во САД во премиерните мечеви од сезоната