Browsing: НБА лига

Кливленд ги совлада „пејсерси“ со 109:108 иако неколкупати во последниот период имаше и плус 10, Сан Антонио го „разнесе“ Мемфис, „бакси“ го замолкнаа Торонто, „џезерите“ им „отсвиреа“ на „клиперси“ во Л.А

Плејмејкерот на Оклахома со 18 поени, 14 додавања и 11 скока во убедливата победа над Филаделфија со 122:97. До крајот на основниот дел на сезоната има уште 11 меча што ќе бидат можност за него за стигнување на Оскар Робертсон кој е рекордер со 41 двоцифрен учинок во три статистички категории

Јубилејната радост „спарси“ ја забележаа ноќеска против Сакраменто со 114:104. Со подвиг како нивниот не може да се пофали ниту една друга екипа во американската професионална кошаркарска лига

Тој забележа 26 поени, 22 асистенции и 11 скока во триумфот на Оклахома над Феникс со 114:101 со кои стана само седми играч во клубот „20-20-10“ и десети со преку 20 додавања во еден меч

Стеф Кари одигра нова одлична партија за „вориорси“ и против трофејните „езерџии“ постига 31 поен, Кевин Лав и Леброн Џејмс го одбележаа триумфот на Кливенд над Портланд со 137:125 во исклучително ефикасната кошаркарска ноќ во САД

Ѕвездата на Кливленд постигна 27 поени во победата над Вашингтон со 105:94 со што го мина Коби Брајант, досегашен рекорден во оваа статистичка категорија. Кавалирси пред мечот беа гости на претседателот на САД во заминување