Browsing: пливање

Времето со кое ја исплива 25 километарската рута од Свети Наум до пристаниште во Охрид беше 5:21:03 часа или осум секунди побавно од победничкото на Французинот Рајмон Аксел (5:20:55 часа) кој беше лауреат во Охрид и во 2013 година. Но, и тоа беше доволно за преземање на врвот во поредокот во ултрамаратони на ФИНА од Италијанецот Едуардо Стокино на две трки до крај на сезоната

Забава во ноќен клуб во кој се славеше освоеното злато на американскиот женски ватерполо тим се претвори во трагедија. Во пад на галерија во локалот загинаа двајца Корејци и повредени се десетина странски државјани меѓу кои осум спортиси, сите репрезентативци на своите земји. Според полициски извори, тројца од нив се Американци, двајца од Нов Зеланд и по еден Холанѓанец, Бразилец и Италијанец

Во 10 часот тргнаа рекреативците, во 12 часот е закажан стартот на маратонот на 2,5 и на пет километри во женска и машка конкуренција што воедно се последни трки во рамки на македонски Куп во далечинско пливање за 2018 година