Browsing: пливање

Пливачите во моментот се наоѓаат во близина на Љубаниште, а 25 километарската патека „Климе Савин“ се очекува да ја завршат некаде после 16 часот и 30 минути на градското пристаниште

На официјално натпреварување во Квинсленд, Џорџ Коронс исплива 50 метри градно за 56,12 секунди и верува дека резултатот ќе биде признат како најдобар во старосната група на лица меѓу 100 и 104 години

Во трката за наследник на Александар Коцевски се вклучи и Миро Крстевски. Исходот од гласањето беше тесен (12:10) и заврши во полза на прославениот македонски пливач чиј прв приоритет во наредниот период ќе биде реактивирање на сметката на ПФМ која долги години е блокирана поради долгови што неофицијално изнесуват преку 10 милиони денари. За прв човек на далечинско пливање е именуван Томи Стефановски

„Климе Савин“ патеката од „Свети Наум“ до градското пристаниште, во должина од 30 километри, тој ја мина за 5:15,14 часа за прва победа во водите на Охридското езеро. Втор беше Евгениј Поп Ацев од Македонија, трет Аргентинецот Гилермо Бентола. Италијанката Барбара Поцобон со најдобро време кај девојките

Квартетот Мат Греверс, Лили Кинг, Кејлеб Дресел и Сајмон Мануел исплива до злато за 3:38,56 минути. Второто место го освои Австралија, на делба на третото завршија Канада и Кина. Британецот Адам Пити, пак, стигна до второ злато на мундијалот во Будимпешта