Browsing: Полска

Младата фудбалска репрезентација од 16 до 30 јуни ќе дебитира на Европските првенства за играчи до 21 година. На претстојното ќе биде дел од групата Б заедно со Шпанија (Гдиња, 17 јуни, 20,45 ч.), Србија (Бидгошч, 20 јуни, 18 ч.) и Португалија (Гдиња, 23 јуни, 20,45 ч.)  

Селекторот Благоја Милевски додаде седуммина репрезентативци од генерацијата 1996/97, го заокружи списокот на 24 играчи кои ќе патуваат на континенталниот турнир од 16 до 30 јуни и го одржа првиот тренинг во центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ

На сигурниот список за завршниот турнир од 16 до 30 јуни се наоѓаат играчи кои го понесоа товарот низ квалификациите. Дел од експедицијата, според најавите, ќе бидат и шест до седум фудбалери од генерацијата во доаѓање во младата репрезентација што од септември ја очекува циклус настап за ЕП 2020 во Италија

Репрезентативците на Полска освоија вкупно 12 медали. Втора е В. Британија со 10 одличја, трета е Германија со 9. Македонија на првенството имаше двајца претставници. Сашо Голубиќ (7,07 секунди) го освои 24 место во конкуренција на 26 спринтери на 60 метри, Мартина Мироска заврши последна во скок во далечина (5,58 метри)