Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ракомет
„Панцирите“ во Берлин, во меч со многу симболика и меч за историја, го совладаа обединетиот тим од Корејскиот полуостров со 30:19, Данците во Хернинг со пола сили триумфираа над Чиле со 39:16. Премиерата на Македонија на мундијалот е утре попладне (15.30 ч.) против Јапонија
„Црвено-жолтите“ вечерва славеа над северниот сосед со 37:31 (полувреме 19:13). Најпрецизен македонски играч беше Дејан Манасков со 9 гола, лидер во српскиот состав беше екс вардарецот Марсениќ со три погодоци. Двете селекции утревечер ќе одиграат уште еден натпревар зад затворени врати
Селекторот Раул Гонзалез ги одржа денешните тренинзи во домот на Металург, а на истата локација ќе работи и утре бидејќи теренот во националната арена е зафатен со поставување на сцена за утрешното гостување (сабота) на Аца Лукас, Пеџа Меденица и Милица Павловиќ
Покрај нив двајца, на скратениот список на селекторот за СП 2019 ги нема и Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Јане Цветковки и Мартин Мишевски. Почетокот на подготовките е закажан за понеденик во Скопје
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја отвори душата за бледите партии на репрезентацијата против Турција и, пред се, Грција пред членовите на Управниот одбор (УО) и новинарите на последната седница во Скопје. Притоа не поштеди никого (ракометари и стручен штаб) во своето излагање и споделување на горчливите впечатоци од резултатскиот дебакл кај јужниот сосед
Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа над Киелце (28:27) во меч од 10. коло во Лигата на шампиони и ќе…
Ракометарите на Метакург загубија во СЦ „Борис Трајковски“ со 29:33 (полувреме 12:15) од Силкеборг и со само една победа во групата Ц ќе патуваат во Прешов кај тимот на Татран во последното коло во Лигата на шампиони на ЕХФ
Вардар ремизира кај Мешков Брест (31:31) во деветтото коло во групата А во Лигата на шампиони. Бод за „црвено-црните“ осигура Кристијан Дизингер во завршните секунди од средбата. Во наредното коло, на 2 декември, во Скопје ќе гостува Кјелце
Кире Лазаров го продолжи договорот со Нант според кој ќе остане во францускиот тим до 2021 година. Актуелната соработка на…
Каталонците во „Блауграна“ триумфираа над европскиот шампион од 2017 година со 34:26 (полувреме 16:15) благодарение на фуриозната серија од 7:0 во воведната третина од вториот дел за рутински довршување на работата до крајот
Турскиот претставник го совлада тимот од Автокомадна со 23:22 (12:12) во рамки на осмото коло во групата Ц. Вечерва од 19 часот во „Блауграна“, Вардар ѝ гостува на Барселона во дербито на групата А
Противници на „црвено-жолтите“ девојки ќе бидат селекциите на Азербејџан, на Исланд и на Турција. Натпреварите ќе се одиграат во ВИП арена „Борис Трајковски“ од 30 ноември до 2 декември (влез слободен) и само првопласираната репрезентација ќе продолжи во наредната фаза. Баражите се закажани во јуни, мундијалот во Јапонија ќе се одигра од 30 ноември до 15 декември во 2019 година