Browsing: рејтинг

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, има наклонетост од 44 отсто од граѓаните. За разлика од него, лидерот на ВМРО ДПМНЕ има само 25 отсто. Повисок е и процентот на граѓани, 48 отсто, кои ја одобруваат работата на Заев како премиер

Лидерот на СДСМ, според најновата анкета на агенцијата „Рејтинг“, би бил подобар иден премиер на државата во споредба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Таков став имаат 32 отсто од испитаниците, наспроти 27 отсто кои „кренале рака“ за Мицкоски. Она што, сепак, може да се забележи е дека процентот на граѓани кои се изјасниле дека ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата е значително висок (44 отсто)

Според извештајот на агенцијата, како што информира Министерството за финансии, политичката неизвесност е намалена со зајакнување на парламентарното мнозинство што би требало да ја олесни имплементацијата на реформите. Јавниот долг е оценет како умерен во глобален контекст