Browsing: Ролан Гарос

Американката се повлече од Мастерсот во Шпанија со образложение дека сè уште не е во препознатлива форма по породувањето, Британецот, пак, го прескокнува најголемиот турнир на земјена подлога поради рехабилитација по операцијата на колкот

Првата Летонка со гренслем титула во финалето славеше над Симона Халеп со 4:6, 6:4, 6:3 и по нешто повеќе од два часа игра пред распродадените трибини на „Филип Шатрие“ ја наследи Гарбине Мугуруза на тронот

Деветкратниот победник на Отвореното тениско првенство на Франција во полуфиналето го порази Доминик Тим со 6:3, 6:4, 6:0 и во недела ќе игра против Стен Вавринка за детронизирање на Новак Ѓоковиќ. Во женското финале утре ќе играат Романката Симона Халеп и Летонката Јелена Остапенко

Најдобриот светски рекет во моментот по вторпат во кариерата го совлада Мартин Клижан, овојпат со 6:7, 6:2, 6:2, 7:6 и во третото коло ќе игра против 29 носител, Хуан Мартин дел Порто. Чешкиот тенисер загуби од Карен Качанов од Русија, а темпераментниот Австралиец од Кевин Андерсон

Србинот обезбеди пласман во третото коло по триумфот над Португалецот Жоао Соуса со 6:1, 6:4, 6:3, Надал со ист резултат го совлада Робин Хасе. Победи на Мугуруза и В. Вилијамс на женскиот дел од гренслемот, порази на Квитова, Цибулкова и Пуиг