Browsing: Шкендија

Тетовци во финалето во Струмица го совладаа Пелистер со 3:0 за втор триумф во натпреварувањето, за одмазда за ланскиот пораз на пенали од битолчани, но и за прва двојна круна во клупската историја. Два погодока за „црвено-црните“ на стадионот „Младост“ вечерва постигна Висар Муслиу во 20. минута и во 72. минута, во меѓувреме (52. минута) во листата на стрелци се впиша и Бесарт Ибраими

Финалето е вечерва на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 20 часот. И тетовци и битолчани ќе играат за титула во најмасовното натпреварување, „црвено-црните“ имаа една победа, „зелените“ од „Под Тумбе кафе“

„Црвено-црнaтa“ фудбалска пресметка на „Еколог арена“ заврши без победник (1:1) што значи останување и на осумте бода предност на тетовци во однос на бранителот на титулата, напаѓачот на Шкупи „експлодира“ против Академија Пандев во дебито за чаирчани

„Еколог арена“ во Тетово моментно се чисти од белата наметка и се очекува тревникот да биде оспособен за судир на „црвено-црните“ екипи до 14,15 часот или најдоцна до 14,30 часот. Почетокот на натпреварот беше најавен за 14 часо

Чаирчани триумфираа над шампионот со 2:0 во меч од 18 коло во домашното првенство, тетовци ги нокаутираа битолчани под Шара со 3:0 и се одлепија на 14 бода на врвот на табелата во однос на скопските „црвено-црни“ кои патем имаат два меча помалку – одложените против Работнички и против Академија Пандев поради настапите во Лига Европа

Вицепрвакот од ланската сезона и актуелен лидер во тековната го совлада градскиот ривал со 6:1 и со овие три бода, многу веројатно, ќе презими на првото место на табелата во домашниот фудбалски шампионат. По двапати погодија Ибраими и Хасани, по еднаш Жуниор и Шефити, полесниот за номиналните домаќини беше дело на Мишковски

Тетовските „црвено-црните“ го совладаа Скопје со 4:0 и повторно пренесоа притисок врз шампионот дека нема право на кикс вечерва (18 ч.) на „Телеком арена“ против Пелистер во последниот меч од 16. коло во фудбалското првенство на Македонија

Тетовци со 2:0 беа подобри од Силекс во Кратово додека скопските „црвено-црните“ под Шара ја совладаа Ренова со 5:2. Вицешампионот останува на плус 11 од шампионот на врвот на табелата, но и со два меча повеќе

Тетовските „црвено-црни“ триумфираа „Под Тумбе кафе“ со 3:1 во рамки на деветтото коло од домашниот шампионат и дополнително се издвоија на врвот на табелата во однос Академија Пандев на второто место и Вардар на третото кој патем има и три меча помалку

Со головите на Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, вицешампионот ја совлада Ренова со 2:0 и дополнително се издвои на врвот на првенствената табела пред Академија Пандев и Вардар кои имаат еден, односно, два меча помалку. Тетовци, патем, се единствени без пораз во конкуренцијата. Работнички ремизира против Силекс во дебито на Горан Станковски на клупата на „црвените“ од Градски парк