Browsing: Шкендија

И менаџерот на Шкендија и нејзиниот капитен Ферхан Хасани се свесни дека негатива од шест гола е недостижна против ривал каков што е седумкратниот европски првак. Оттука и поправање на впечатокот ќе биде единствен императив за македонскиот вицепрвак и ќе биде покажување дека лицето од „Сан Сиро“ не е вистинското на тетовци

Менаџерот на „росонерите“ го оцени гостувањето во Скопје како важно од аспект на индивидуалниот и колективниот пристап во ситуација кога се има убедлива предност каква што неговите фудбалери ја понесоа од Милано. Планираните ротации во тимот ги образложи со згуснатиот распоред и клупски обврски на секои три дена до крјот на годината, а згора на тоа ќе има и репрезентативни активности

По два гола за „росонерите“ постигнаа Андре Силва (13 минута и 28 минута) и Рикардо Монтоливо (25 минута и 85 минута), по еднаш Захов го совладаа и Фабио Борини во 67 минута и Лука Антонели во 69 минута во првиот плеј-оф меч за Лига Европа за формален реванш по седум дена во Скопје

Македонскиот фудбалски вицешампион по повеќе од двочасовен чартер лет од скопскиот аеродром „Александар Велики“ се спушти на „Малпенса“ и со нетрпение ќе одбројува до претстојниот настап на „Сан Сиро“ против италијанскиот и европски гигант Милан во плеј-офот за Лига Европа (ЛЕ)

Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло што македонскиот вицепрвак го заврши со две исклучувања. Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Вилнус, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52. Реваншот е во четврток на „Младост“ во Струмица од 17 часот

Покрај „црвено-црниот“ судир на „Еколог арена“ во Тетово и битката за Пелагонија, воведната рунда ќе биде комплетирана со дуелите Шкупи – Академија Пандев, Работнички – Ренова и Силекс – Скопје. Новата сезона ќе почне на 13 август (17 ч.), нејзиниот есенски дел ќе финишира на 10 декември (13 ч.)