Browsing: Шпанија

„Фуријата“ вечерва славеше на „Телеком арена“ со 2:1 во шестото коло од циклусот за завршниот турнир во Русија. Давид Силва во 15 минута и Диего Коста во 27 минута погодија за гостите, Стефан Ристовски во 66 минута го постигна единствениот гол за „црвено-жолтите“ во петтиот пораз во групата Г. Наредниот настап на „црвено-жолтите“ ќе биде на 2 септември на гости против Израел

Фудбалската репрезентација вечерва (20,45 ч.) на „Телеком арена“ против моќната „црвена фурија“ во циклусот за планетарниот собир догодина во Русија. Во нашата група уште меча во истиот термин – Италија е домаќин на Лихтенштајн, а Израел на Албанија

Повик во сениорската репрезентација на Македонија за првпат добија Елиф Елмас од Работнички, Јани Атанасов од Академија Пандев и Амел Рустемоски од Грасхоперс, нови покани за Кристијан Тошевски од Пелистер и Дарко Чурлинов од Келн, Давид Митов Нилсон одново е конкурентен за место меѓу стативите

По првичната интервенција на медицинскиот персонал и стабилизирање на состојбата, напаѓачот на мадриѓани беше изнесен на носилки и веднаш превезен во болница на натамошни прегледи. Раководството на Атлетико објави дека фудбалерот дошол при свест и почнал да говори, но дека ноќта ќе ја мине во болнички надзор