Browsing: Словенија

Северна Македонија се покажа како демократска држава, ги исполни бараните реформи и направи голем напредок во областа на меѓуетничките односи. Државата чекори кон евроатланскиот пат и направи повеќе од очекуваното од која било кандидатка, истакна претседателот на Националното Собрание на Република Словенија, Дејан Жидан во обраќањето пред пратениците во македонскиот Парламент

Во последните години, унгарскиот политички врв, преку една од словенечките банки и помагачи во Словенија, спроведува огромна меѓународна операција за политичко разузнавање и поддршка на медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ во Македонија. Целта на оваа операција е да се собори владата на Зоран Заев и Преспанскиот договор кој на Македонија и обезбеди членство во НАТО, пишува словенечкиот портал „necenzurirano.si“ 

Играчот на Наполи беше стрелец на двата гола за „црвено-жолтите“ во 50. минута и во 68. минута за трета победа во циклусот, единствениот за гостите беше дело на Јосип Иличич од пенал во петтата минута од судиското екстра време. Македонската репрезентација во недела (20.45 ч.) ќе ` гостува на Полска како третопласирана на табелата

Шестиот меч меѓу фудбалските репрезентации на двете земји е вечерва (20.45 ч.) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Селекторот Игор Ангеловски не може да смета на повредените Енис Барди и Крсте Велкоски, под суспензија поради жолти картони е Егзон Бејтулаи

Репрезентацијата на Србија во финалето на ЕП во Париз ја совлада Словенија со 3:1 (по сетови: 19:25, 25:16, 25:18, 25:20) и со девет победи во исто толку одиграни мечеви по третпат се искачија на тронот по 2001 година и 2011 година

„Змајчеки“ во полуфиналето во арена „Стожице“ во Љубљана го поразија актуелниот светски шампион, Полска со 3:1 (по сетови: 25:23, 24:26, 25:22, 25:23) и за титулата во недела ќе играат со подобриот од мечот Франција – Србија што е закажан за вечерва во 20 часот

Вечерашниот меч на фудбалските репрезентации на двете земји во квалификациите за ЕП 2020 е закажан во 20.45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана. Воедно е прв за бодови по досегашните четири од пријателски карактер во кои „црвено-црните“ се радуваа трипати, а „змајчеки“ го добија последниот судир во Копер под водство на Среќко Катанец