Browsing: Случај „Рекет“

Ова е обелоденето на денешното рочиште за случајот „Рекет“ што продолжи со изнесување на докази на одбраната. Снимката била направена во домот на поранешната специјална обвинителка со мобилен телефон со пари на масичка пред неа

За укинување на мерката домашен притвор, тој понудил имот како гаранција во вредност, според неговиот адвокат Александар Новаковски, од 240.000 евра, а позитивно мислење дала и обвинителката Вилма Русковска, па одлуката по жалбата од Апелација за тригодишната затворска казна во случајот „Рекет“ ќе ја чека на слобода

Покрај модниот стилист, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеа и Марија Јанковска, сопственичка на оптика, и Алекс Куртов, сопственик на галерија, но не и Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски кои беа повлечени од одбраната

Судењето за „Рекет” денеска е затворено за јавност. Претседателот на судечкиот совет, Васка Николовска Мазнева, на почетокот на рочиштето ја исклучи јавноста поради презентација на снимки во кои, како што рече, има содржини од приватниот живот на дел од обвинетите

Самостојна интерпретација е дека стануваа збор за разговори меѓу Јордан Камчев и Бојан Јовановски. Тоа не може да се утврди. Нелегална снимка не може да се користи како доказ врз кој ќе се заснова пресудата“, реагираше адвокатот Дуковски

СДСМ вади три аргументи дека нема скриена амнестија во предложениот закон за ЈО. Првиот е СМС пораката на лидерот Заев во која го известува Боки 13 дека не може да го прими на состанок и дека кривичното дело е толку сериозно што бил згрозен од доказите. Вториот е исказот на Орце Камчев на кого лично му сугерирал да го пријави случајот и третиот е предметот „Рекет 2“ во кој е обвинета и екс партиската функционерка, Фросина Ременски

Судијката Николовска-Масевска, по оваа барање, даде 30 минути пауза за Бојан Јовановски да биде прегледен од екипи на Брза помош. По пауза од половина час и по одлуката на лекарскиот тим ќе се знае дали ќе продолжи денешното рочиште