Browsing: Собрание

Предложениот текст синоќа доби зелено светло во Владата и влегува во собраниска процедура. Власта ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување. Парламентарното мнозинство смета на гласовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на БЕСА

Уставот е јасен, вели претседателот на Собранието, укажувајќи дека законските рокови за сите изборни дејства не може да се кратат. Битката за закон за јавното Обвинителство нема да може да се води преку скратување на законските рокови предвидени за изборниот процес

Свечената седница за ратификација на документот со одложено дејството ќе биде на 11 февруари, ден пред распуштање на актуелниот парламентарен состав поради предвремените избори што се закажани на 12 април. Ова го потврди собранискиот спикер, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите

Судејќи според првичните реакции од партиите, поверојатно е дека никој нема да брза и да „крши нозе“ за носење на законот за јавно обвинителство до распуштање на Собранието како што побара еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји при вчерашната посета на Скопје

Законското решение предвидува не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања на некои од постојните со цел нивна поголема ефикасност и стручност. Според измените и сополнувањата на Зајконот за Собрание, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а Планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секратар во согласност со буџетскиот совет на Собранието

За организација на настаните од 27 април во 2017 година што резултираа со упад во законодавниот дом, ќе им се суди на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски