Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: тенис
Серена Вилијамс во шестиот настап во комплексот на „All England Club“ ја совлада Барбора Стрицова со 6:1, 6:2 за 11 финале во кариерата во Лондон во кое ќе атакува на седми трофеј или вкупно 24 на гренслем турнирите. Симона Халеп, пак, за првпат ќе игра во финале на Вимблдон во кое ќе брка втора гренслем титула по освоената на Ролан Гарос во 2018 година, откако во полуфиналето ` препушти само четири гема на Елина Свитолина од Украина (6:1, 6:3)
Романката, која во Лондон настапува како седма носителка, во полуфиналето ја совлада Елина Свитолина со убедливи 6:1, 6:3 за еден часа и 12 минути игра. За титулата ќе игра против подобрата од втората полуфинална пресметка меѓу Американката Серена Вилијамс и Барбора Стрицова од Чешка
Чешката тенисерка во четврт-финалето ја порази Британката Џоана Конта со 7:6, 6:1, Американката беше подобра од сонародничката Алисон Риск со 6:4, 4:6, 6:3. Во второто полуфинале на женскиот турнир во Лондон ќе играат Симона Халеп и Елина Свитолина. Денеска ќе познати и машките полуфиналисти на „All England Club“. Ѓоковиќ ќе игра против Гофан, Федерер со Нишикори, Надал со Квери, а Пелја со Баутиста Агут
До рекордното 17 учество во осминафинале на Вимблдон, Швајцарецот стигна по триумфот во третото коло над Лук Пуј 7:5, 6:2, 7:6. Шпанскиот тенисер подобар од Жо Вилфред Цонга со 6:2, 6:3, 6:2
Не е никаква тајна дека Новак Ѓоковиќ има армија од македонски навивачи кои го бодрат секој негов настап на АТП…
Австралијката, која е водечка на ВТА листата и прва носителка на гренслемот, во првото коло славеше над Кинеската Женг со 6:4, 6:2. Германката која, пак, е бранителка на титулата ја елиминира сонародничката Татјана Марија со 6:4, 6:3
Швајцарецот го загуби првиот сет со 3:6 по што уфрли во поголема брзина и со 6:1, 6:2, 6:2 направи целосен пресврт во мечот со Херис од Ј. Африка, Шпанецот славеше над Сугита од Јапонија со 6:3, 6:1, 6:3, а Квери елиминира Австриецот со 6:7, 7:6, 6:3, 6:0
Машкиот турнир на Вимблдон остана без неколку звучни имиња по првиот натпреварувачки ден. Највисоко меѓу нив котира Александар Зверев, кој…
Американската тинејџерка од САД е атракција на првиот натпреварувачки ден на гренслемот во Лондон по сензационалниот триумф над трофејната ветеранка со 6:4, 6:4. Во второто коло ќе игра против Магдалена Рибарикова од Словачка
Соработката меѓу Иванишевиќ и Ѓоковиќ е плод на нивното долгогодишно пријателство и засега е неформална и краткорочна. Меѓусебниот договор е постигнат за првата натпреварувачка недела на турнирот по што, како што објавуваат медиумите, Хрватот ќе мора да замине од Лондон поради неодложни обврски
Утре почнува гренслемот во Лондон што ќе трае до 14 јули и на кој српскиот тенисер отпатува како бранител на титулата кај мажите, статус што кај девојките го има Германката Анџелика Кербер
На наддавање ќе бидат ставени реплики на пехарите од Вимблдон, од Ју-Ес опен и од Дејвис купот, разни медали и парчиња гардероба. Меѓутоа и рекети, рачни часовници, маички, па дури и чорапи со вкупна вредност од 200.000 фунти. Аукцијата е во тек, во неа може да се учествува преку интернет и ќе трае до 11 јули, а продажбата е во организација на стечајни управители.