Со трет Шпанец по трета титула во ЛШ: Давид Писонеро на кормилото на Вардар

Договорот е потпишан на две години, соработката почнува во летниот период и со него ќе се влезе во мисијата за одбрана на тронот во еминентното клупско натпреварување на ЕХФ, но и во регионалната СЕХА лига и домашното првенство во сезоната 2019/20

Зидан со нов тренерски мандат во Реал М.: Среќен сум што се вратив дома

Французинот потпиша договор со „кралскиот“ клуб до 30 јуни во 2022 година, се шпекулира дека ќе добие буџет од 300 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, за евентуално враќање на Кристијано Роналдо кусо порача - „ќе видиме во јуни“

Стефан Ристовски доби нов тренер: Михајловиќ на клупата на Спортинг Л.

Српскиот тренер потпиша тригодишен договор со тимот од Лисабон. Една од неговите задачи ќе биде шампионската титула во Лига Примеира во која „зелено-белите“ од „Жозе Алваладе“ стадионот во изминатата сезона ја завршија зад Порто и Бенфика, но и смирување на тензиите во клубот по судирот на играчите со претседателот Бруно де Карвалјо

Кошаркарите на Барселона со нов тренер: Сито Алонсо наместо Барцокас

Тој потпиша договор на две години со можност за продолжување на престојот во клубот за 12 месеца. Каталонците под водство на Гркот имаа очајна сезона - беа елиминирани од Валенсија во четврт-финалето од плеј-офот во домашното првенство, а во Евролигата завршија на 11. место

Ѓоковиќ: Во транзиција сум, нов тренер за три до четири недели

Српскиот тениски ас досега соработувал со осум имиња - Јелена Генчиќ (1993-1999 година), Никола Пилиќ (1999-2003), Дејан Петровиќ (2004-2005), Рикардо Пјати (2005-2006), Маријан Вајда (2006-2017), Марк Вудфорд, Тод Мартин (2009-2010) и Борис Бекер (2013-2016). Деветтиот предводник го најави по завршување на Ролан Гарос