Browsing: цена

Според генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, на јавната постапка на ЕВН Хоум била понудена цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра на државната компанија. Се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, додаде тој

Оттаму посочуваат дека револтира образложението на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски дека цената морала да се покачи поради намалените приходи на енергетските компании. Додаваат дека револтира и тоа што одлуката се донела преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа