Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Вардар
Вардар против Барселона, Веспрем на ПСЖ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Келн во машката Лига на шампиони. Мечевите се играат на 3 јуни, финалето е ден подоцна
Македонскиот машки првак го „разби“ бундеслигашот во реванш четвртфиналниот меч со 35:27 и за првпат во клупската историја ќе биде дел од завршната четворка во елитното натпреварување
Лидерот на табелата го совлада Шкупи со 2:0, вицепрвакот одигра 1:1 со Силекс, па скопските „црвено-црни“ сега имаат 13 бода повеќе од тетовските на осум кола до крај на сезоната
Македонскиот првак го совлада Фленсбург со 26:24 во првиот четвртфинален меч. Штербик одличен на голот со 16 одбрани, Душебаев и Дибиров постигнаа по пет. Реваншот е во четврток во Скопје во 19 ч.
Победничкиот за скопските „црвено-црни“ против Силекс во Кратово го постигна Блажевски, Радески, пак, погоди за тетовските против Пелистер во Могила. Дебармаалци на „Телеком арена“ ја совладаа Брегалница со 3:1
Македонскиот шампион во „Викторија арена“ во Брест, Белорусија, го детронизира унгарски Веспрем по победата со 26:21. Наградата за МВП на турнирот заврши за Хоан Канелјас. Четворица „црвено-црни“ ракометари во идеалниот тим
Бранителот на титулата подобар од Пелистер на „Телеком арена“ со 3:1, Шкендија ремизира со Ренова (1:1), па скопските „црвено-црни“ сега имаат 11 бода повеќе од тетовските за кои Купот на Македонија останува опција за спас на сезоната
Легендата на македонскиот фудбал,Дарко Панчев, е промовиран за нов спортски директор на „црвено-црните“. Денеска на прес конференција во Фудбалската Академија…
Бранителот на тронот ја совлада Ренова со 1:0, резултат со кој Шкендија загуби од Работнички на „Телеком арена“, и се одлепи на девет бода од тетовци на врвот на табелата. Екипата од Градски парк сега има плус пет од Пелистер во битката за трето место што води во квалификациите за Лига Европа
„Црвено-црните“ го совладаа Кристијанштад со 32:29 и се потврдија како победници во Б групата. Настапите во елитата конкуренција ги продолжуваат во четврт-финале, а во нокуат фаза го повлекуваат и хрватскиот тим
„Црвено-црните“ ја прокоцкаа првата меч топка за врвот во групата Б. Мешков Брест ги совлада со 30:26 и ги испрати на поправен против Кристијанштад во недела во Скопје. Кристопанс и Остроушко дадоа по 8 гола за белорускиот првак, Чупиќ и Карачиќ по пет за македонскиот
Со евентуален триумф против Мешков Брест попладнево (17.30 ч.), „црвено-црните“ ќе имаат три бода повеќе од Рајн Некар Левен и на коло до крајот ќе го осигураат првото место во групата Б за директен пласман во четврт-финале