СДСМ: Власта гласаше против вистинска помош за настраданите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани, обвини на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ и пратеник Петре Шилегов. Според него заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите

Димовски: Нецивилизациски е да се зборува за одговорност за поплавите

Е ова е тој контекст за кој што зборувам дека е нецивилизациски и неодговорен во вакви моменти. Мислам дека повеќе треба да дискутираме во овие моменти како да помогнеме на луѓето, има време секогаш да се дискутира за тоа