Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп до Бајден: Повлекувањето од Кабул е најголемото понижување во меѓународната политика

0
By Sashko on August 22, 2021 ВЕСТИ
Фото: zeenews.india.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 22, 2021 09:01

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот Џо Бајден за начинот на кој американските сили се повлекуваат од Авганистан, нарекувајќи ја целата акција „најголемо понижување на Америка во меѓународната политика“.

Трамп, кој ја разгледува можноста за повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, го обвини Бајден за падот на Авганистан во раце на талибанците, иако, потсетуваат британските медиуми, повлекувањето на американските војници беше договорено токму за време на неговата администрација.

Неуспешното заминување на САД од Авганистан величенствено ја покажува изразената неспособност на лидерот на нацијата, можеби на сите времиња, рече Трамп на своите поддржувачи на вчерашниот митинг во близина на градот Калман, во американската сојузна држава Алабама.

Трамп го обвини Бајден за актуелната ситуација, изјавувајќи дека тој не го следел планот што го осмислила претходната администрација.

Ова не е повлекување. Ова е целосно предавање, додаде Трамп.

Трамп верува дека брзото паѓање на Кабул во раце на талибанците немаше да се случи доколку тој сè уште беше на чело на државата.

„Можевме да го напуштиме Авганистан со чест. Всушност, требаше да излеземе со кренати чела, и наместо тоа излегуваме со нешто што е спротивно на тоа“, рече поранешниот американски претседател.

Авганистан Доналд Трамп повлекување САД Свет Талибанци Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.