Десетици илјади Австријци излегоа на улица да изразат незадоволство од  воведувањето на задолжителна вакцинација и други епидемиолошки мерки. Протестите во земјата влегоа во трета недела од почетокот, а според полициски проценки, овојпат имало околу 40.000 демонстранти.

Властите соопштија дека повеќе луѓе се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир. Австрија, која воведе заклучување на 22 ноември, го продолжи до 11 декември поради индициите дека мерките помагаат да се намали бројот на новозаразени.

Сега поранешниот канцелар Александар Шаленберг неодамна најави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна од 1 февруари.