Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО)Џафери:Договорот може да оди во Службен весник без Иванов

0
By Соња Петрушевска on June 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека денешната порака од Брисел дека Македонија ќе добие покана од НАТО за членство на Самитот во јули е најважната вест што земјава ја добила во изминатите три децении од независноста. Сега, вели Џафери треба да се спроведе спогодбата со Грција според предвидената динамика – референдум, па уставни измени.

За препораката на Европскиот совет за отпочнување на преговори во јуни наредната година, Џафери вели дека до тогаш ќе треба да се формираат тимовите што ќе ги водат преговорите и да започне скриниг процесот за усогласеноста на македонското законодавство со европското.

Лошата пракса на Иванов  мора да прекине

Претседателот на Собранието најави дека на 5 или на 6 јули ќе ја закаже седницата на која пратениците повторно ќе треба да гласаат за Договорот со Грција, откако шефот на државата одлучи да не го потпише Указот за прогласување. Денеска до пратениците ќе го достави писмото од Иванов во кое тој образложува зошто нема да стави потпис.

„Доколку и по втор пат не го потпише Указот, ова ќе стане лоша пракса, која мора да ја прекинеме. Иванов мора да прекине да ги узурпира своите надлежности, бидејќи нема право на апсолутно вето. Собранието има надлежност да ја спроведе волјата на избраните пратеници, а сите институции се должни да го спроведат и почитуваат Уставот.

Тој рече дека ако Иванов не го потпише законот, ќе се употреби исто решение и за Договорот, но и за Законот за употреба на јазиците.

Едно од решенијата е тие да бидат испратени во Службен весник без потпис на претседателот Иванов.

Рокот за избор за нови членови на ДИК е пробиен

Денеска беше последниот рок до кога требаше да биде избран новиот состав на Државната изборна комисија – рок  кој партиите со консензус го изгласаа, но не го спроведоа. Во новиот Закон за избор на членови на Државната изборна комисија пишува дека  во рок од триесет дена по изгласувањето на Законот треба да биде избран новиот состав на Државната изборна комисија. Но, до денеска не е свикана ниту седница на комисијата за избори и именувања, а партиите не доставија свои предлози за членови и пртеседател на комисијата која треба да го спроведе референдумот. Од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ велат дека разговорите траат и дека најверојатно на почетокот на наредната недела ќе има договор.

Претседателот на Собранието Џафери најави дека седница за избор на членови на ДИК ќе закаже на 17 јули, но напомена дека доколку има известување дека составот на ДИК поминал на комисијата за избори и именувања, по итна постапка ќе закаже седница во рок од 10 дена.

По изборот на ДИК, треба да се изгласа и одлуката за распишување на референдумот кој најверојатно ќе се одржи на крајот на септмеври. Оваа одлука, Џафери објаснува дека мора да биде донесена најдоцна до крајот на јули за да се испочитува законскиот рок од 60 дена – од денот на распишување на референдумот до неговото спроведување. Џафери нема дилеми околу постапката за референдум кој треба да се спроведе на ист начин како за избори.

„За спроведувањето на референдумот треба да направиме аналогија со изборниот Законик“ вели Џафери во врска со забелешките дека дел од одредбите во Законот за референдум не се усогласени со Изборниот законик.

Во однос на гласањето на дијаспората, Џафери вели дека „референдумот не се спроведува надвор од границите на нашата држава“, но доколку некој од дијаспората сака да гласа, може да дојде во Македонија.

За уставните измени кои според Договорот со Грција треба да се спроведат по референдумот, Џафери вели дека целата постапка трае околу 4 месеци и има шанси рокот да биде испочитуван, а целата постапка да зварши до крајот на годината.

„Од бројот на амандмани ќе зависи колку ќе трае постапката. Ако се почне на почетокот на октомври, може да се стигне до крајот на годинава и да се исполни Спогодбата“ кажа Џафери.

 

Дик Договор со Грција ЕУ Иванов НАТО референдум Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.