Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Хаос во Белград: Судир меѓу демонстранти и полицијата пред српскиот парламент

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ВЕСТИ
Фото: n1info.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нешто по 20 часот пред Домот на Народното Собрание на Србија почна протест на незадоволни граѓани по најавените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот што попладнево ги најави претседателот Александар Вучиќ. Демонстрантите во еден момент успеаја да влезат во зградата, но набрзо беа исфрлени од полициските сили. Притоа, според белградските медиуми, е приведено едно лице поради особено агресивно однесување кон припадничка на жандармеријата.

Протестите, според медиумите во Србија, почнаа по најавениот „полициски час“ од петок до понеделник во Белград. Еден од демонстрантите, пак, пред камера рече дека народ излегол на улица затоа што не сака да дозволи населување на мигранти во Србија.

https://www.youtube.com/watch?v=u_vMCPmVn5g

Како што пренесува агенцијата „Танјуг“, протестот по 22 часот излегол од контрола. Насобраните лица ја пробиле заштитната ограда пред Собранието, палеле димни бомби на што полицијата одговори најпрво со повлекување, а потоа и со фрлање на солзавец. Но, тоа не ги одврати демонстрантите од намерата, па продолжија со фрлање камера, лименки во новиот налет за влез во парламентот.

Слободан Георгиев, новинар на „Њузмаксиа Адрија“, кој се јави во вестите на телевизија Н1 рече дека насилниот упад во зградата на српското Собрание е предводен од десничари. Притоа напомена дека граѓаните не се незадоволни само од најавените мерки против Ковид-19, туку има и такви кои се иритирани од денешниот говор на Вучиќ во делот за Косово во што препознале дека „наскоро ќе биде продадено“.

Александар Вучиќ Белград демонстранти Ковид-19 полиција полициски час протест Собрание упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.