Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Јанева во Обвинителството за „Рекет“: Со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата

0
By Нова ТВ on August 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната јавна обвинителска Катица Јанева претпладнево дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“.

-Се надевам дека со моите аргименти и изјава денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството.

Во однос на предметите кои СЈО ги застапува и се поврзани со прислушуваните разговори, Јанева рече дека сите обвинители од СЈО имаат нејзино обвластување да ги застапуваат се надева дека оваа есен ќе има разрешница за поголем број од тие случаи.

Јанева на влезот во Обвинителството ја пречека Стеван Павлески, познат скопски адвокат со кого заедно заедно отидоа на распит.

Таа ќе треба да даде одговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“, во кој засега за тргување со влијание обвинети се Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Во снимките кои ги  објави италијанскиот весник „Ла Верита“ со случајот „Рекет“, во аудио снимките се слуша и гласот на Јанева.

Јанева тогаш изјави во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во СЈО повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници. Во тој период водела разговор и со Камчев за да стане соработник – сведок во нова предистрага.

Јанева во трето продолжение на Ла Верита: Лиле не може ништо без мене

Последен за „Рекет“ од обвинителите беше сослушан Бурим Рустеми, кој во изјава за медиумите минатата недела рече дека меѓу другото Русковска го прашувала за поврзаноста на овој случај со истрагата за Поштенска Банка која тој ја води.

Претходно сведочеа обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска и шефицата на Кабинетот на Јанева.

Обвинителката Фатиме Фетаи, вчера на судењето за предметот „Титаник 3“, одби да го коментира случајот „Рекет“.

– Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам, нагласи Фетаи и додаде дека секој предмет на кој таа работела е чист.

Второосомничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец вчера беше донесен на распит во Обвинителството за организиран криминал, а вчера во ЈО за случајот беше сослушана и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

 

исказ Јанева обвинителство предмети Рекет СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.