Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ повторно рекордер: Лани собрала 1,9 милиони евра од донации

0
By Нова ТВ on May 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за ревизија ги објави годишните извештаи на политичките партии за минатата година. И во 2016 година, како и сите претходни, најмногу пари од донации собрала ВМРО-ДПМНЕ. Лани за партијата на Никола Груевски донирале 5880 луѓе и неколку фирми или вкупно на сметката легнале 1 милион и 880 илјади евра.

Пари за партијата уплатиле членови на ВМРО-ДПМНЕ, министри, пратеници, директори, градоначалници, но и организатори на протестите „За заедничка Македонија“.

Слично како и во изминатите години и во најновиот извештај може да се забележи дека парите се уплатувани во неколку денови. На пример на 5 јануари на сметката на ВМРО-ДПМНЕ донирале 272 лица. На 29 јануари тоа го сториле 272 донатори, 244 луѓе во ист ден решиле да уплатат пари на 9 февруари, а рекордот е на 12 август кога дури 376 лица биле во банка и решиле да одвојат по една плата за партијата.

Токму 12 август е денот кога заедно со лидерот Груевски (30.000 денари), донирале и голем дел од министрите и пратениците. Антонио Милошоски (20.000 денари), Даниела Рангелова (21.000 денари), Зоран Јолевски (25.000 денари), Цветко Грозданов (24.000 денари), директорот на БЈБ, Митко Чавков (28.000 денари), министрите Никола Попоски (40.000 денари) и Марта Арсовска Томовска (22.000).

Истиот ден на партиската сметка пари уплатила и градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ (20 000 денари), градоначалникот на Скопје Коце Трајановски (40 000 денари), директорот на МНТ Дејан Пројковски (20 000 денари), директорот на Драмски театар Роберт Вељановски (12.000 денари) и многу други.

Придонесот за партијата на министерот за здравство и пратеник Никола Тодоров , како и на Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески е 30.000 денари. Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, издвоил 20.000 денари, а Силвана Бонева, позната како функционер кој добива најмногу пари за патни трошоци, од свој џеб извадила 20.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ.

По дарежлив бил пратеникот Васил Пишев со искеширани 50.000 денари, а на врвот е охридското крило. Пратеникот Сашо Василевски донирал 345.000 денари, а Александар Николоски 239.850 денари. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски, се истакнал со 50.000 денари.

Два пати на листата е името на Борис Дамовски, кој на 15 април донирал 50.000 денари, а на 28 јуни минатата година уплатил 41.000 денари.

Во негово друштво е и аналитичарот и член на ГДОМ, Александар Пандов, кој од својот буџет за партијата одвоил 30.000 денари. На списокот е и неговиот колега Александар Даштевски со „скромни“ 13.000 денари.

 

За разлика од 2015, минатата година ВМРО-ДПМНЕ пријавила дека има повеќе донатори. Во 2015 беа вкупно 3675 кои донирале 1,5 милиони евра.

Донаторите на ВМРО-ДПМНЕ под истрага на СЈО

Специјалното јавно обвинителство на почетокот на годинава отвори предистражна постапка за донаторите на ВМРО-ДПМНЕ. На информативен разговор во врска со финансирањето на партијата и личните донации за време на изборите во 2014 година, досега се повикани стотици лица.

Дел од сведоците во претходните истражувања на НОВА, тврдеа дека никогаш не донирале пари, а така и сведочеле во СЈО. Други пак, за време на распитот, ги уверувале истражителите на СЈО дека самите уплатиле донација на својата партија.

Истрагата е почната врз основа на разговори од нелегалното прислушување во кои партиски функционери во детали објаснувале како и каде да се уплатат парите и на чии имиња да гласат донаторските уплатници во банка. Уплатниците биле пополнувани на иста сума, а во еден ист дена на пример имаше и по 700 донатори.

ВМРО-ДПМНЕ од партија која бележеше минус на сметката, за неколку години стана најбогатата партија во Европа.

Поголем дел од партиите лани немале донатори

СДСМ минатата година имала 698 донатори. Донациите се со помали суми почнувајќи од 90 денари, а најголемата е 100.000 денари од Владимир Бочварски. Меѓу донаторите се членови на партијата и пратеници, како на пример Оливер Спасовски со 60.000 денари, но го нема името на лидерот Зоран Заев.

Партијата БЕСА имала 110 донатори, меѓу кои најмногу пари дал лидерот Билал Касами 4500 евра.

Во ДУИ, лани донирале 74 физички лица, меѓу кои лидерот Али Ахмети (36000 денари) и актуелниот претседател на Парламентот Талат Џафери (33000 денари). Или вкупно се собрани 227.000 евра.

На списокот на ДУИ се најдоа и фирмите „Конти хидропласт“ (300.000 денари) и „Европа 92“ (577.750 денари).

Како и секоја година во ДУИ донации има и од државните институции и јавни претпријатија каде директорите се од оваа партија. Тоа се А.Д. Пошта, општина Липково, Државен студентски дом Пелагонија, Дирекција за заштита и спасување, Македонска железница, Аеродроми на МК, Фонд за ПИОМ.

Демократски сојуз на Павле Трајанов лани имал 177 донатори или вкупно се слеани 788.338 денари.

Од либералите донирале само двајца – поранешниот и сегашниот претседател на партијата. Стојан Андов дал 36.000 денари, а Ивон Величковски 215.000 денари.

Во ГРОМ на Стевчо Јакимовски се уплатени 98.230 денари. Во Левица донирале 35 лица, а во ЛДП 12 донатори или 2.863.000 денари. НСДП има 1 донатор – Министерство за правда со 1.513.163 денари.

Останатите десетина партии го известиле Државниот ревизор дека немале донации во 2016 година. Најавтентично тоа го сторил лидерот на Титови леви сили, Слободан Угриновски, кој на лист хартија со пенкало напишал и ги известил ревизорите дека ни денар не е уплатено на партиската сметка.

 

ВМРО-ДПМНЕ донатори Државен завод за ревизија Никола Груевски пари партии СДСМ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.