Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За квотите од ЕУ: Власта уверува дека нема многу да влијаат-произведувачите се загрижени

0
By Нова ТВ on December 25, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 25, 2018 08:50

Квотите за увоз на челик и алуминиум што ги воведува Европската Унија не се очекува значително да влијаат врз македонската индустрија. Од Владата велат дека можеби нема да има спектакуларен раст, но  нема да има ни пад во индустријата во однос на последните пет години.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма изјави дека квотите што ги воведува Европската Унија се со цел да го заштити своето стопанство од нелојалната конкуренција и оти тоа нема да предизвика пад на македонската економија. Појасни дека македонските компании ќе можат да извезуваат челик по правилото, кое предвидува на просекот од последните три години, да се додадат дополнително пет отсто. Тука, вели Анѓушев, не станува збор за намалување, туку за зголемување од пет проценти.

Според Анѓушев, најпогоден би бил „Макстил“ бидејќи изминатите години за компанијата биле „лоши“ и поради тоа ќе мора да извезува толкава количина.

Поради квотите за извоз на челик и алуминиум, неколку македонските фабрики се пожалија дека им се ограничени можностите за пласман и оти дека ќе бидат принудени да ги испратат работниците на принуден одмор.

Од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија вчера укажаа дека ваквите ограничувања на увозот во ЕУ, во отсуство на други алтернативни решенија (близу 90 отсто од извозот на метални цевки од РМ се реализира во земјите од Европската унија и во моментов не постои алтернативен пазар за пласман на овие производи), создаваат сериозни проблеми пред договарањето на комерцијалните зделки на подолг рок, ги доведуваат во прашање почнатите и предвидените инвестициски вложувања и може да предизвикаат одредени проблеми со ангажираноста на вработените лица.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на брифингот со новинарите во неделата потврди дека е пристигната формалана нота од Европската комисија, според која, од идната година за македонските компании ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ.

Спорeд Европската комисија, откако ќе се исполнат квотите за увоз на челик и алуминум, царината ќе се зголеми за 25 проценти.

Според Османи на ваков начин, штетата за македонското стопанство би била 100 милиони евра.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ вчера ја обвинија власта дека со тоа што не успеала да преговора со ЕУ за изземање на Македонија од овие квоти, ќе предизвика штета од 200 милиони евра, а 5.000 лице ќе останат без работа.

алуминиум Влада ВМРО ДПМНЕ извоз квоти ЕУ Македонија стопанство челик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.