Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Законот е во согласност со Уставот и е во полза на општеството

1
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 15, 2018 14:43

Премиерот Зоран Заев, во првата своја јавна реакција по вчерашното донесување на Законот за употребата на јазиците, во видео обраќање вели, Законот за употреба на јазиците претставува сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“.

Заев додава дека се работи за закон за кој мнозинството граѓани на Република Македонија ја дале својата поддршка на парламентарните и локалните избори.

„Оваа наша и европска вредност, ја доби поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни, но и на локалните избори. Се определивме за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Овој закон е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, донесени пред 17 години. Никој не е и не може да биде над Уставот“, вели Заев меѓу другото во обраќањето.

Тој потенцира дека претстојниот период, треба да се комплетираат реформите и да напредува економија, а дека во интерес на граѓаните е понатамошен развој на државата.

Ова обраќање на Премиерот следи по вчерашното гласање за Законот за употреба на јазиците, кое се одвиваше во тензична атмосфера, а во која за малку се избегна инцидент помеѓу собранискиот спикер Талат Џафери и поранешниот премиер Никола Груевски, кој на Џафери му рече дека не треба законот да се носи на сила.

И покрај тоа што Џафери два пати напомена дека законот е веќе донесен, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, вчера, останаа во собраниската сала тврдејќи дека тие не го признаваат законот, особено затоа што Џафери го прекршил Уставот, недозволувајќи расправа за нивните амандмани.

Се уште неизвесно е и како би стапил законот на сила, откако претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека нема да го потпише, иако според Уставот, нема право на второ вето.

 

Закон за јазици Зоран Заев Инцидент Никола Груевски општество парламент Собрание спикер Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.