Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршува судењето за Труст: Денеска пресуда за Кочан, Авировиќ и Ватиќ

0
By Нова ТВ on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 20, 2018 08:56

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот „Труст“, денеска треба да ја објави пресудата за обвинетите во овој случај.

Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.

Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла да прекрши кој билој закон.

– Покрај сувото гори и суровото, рече Кочан и додаде дека единствена цел му била да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за неговите вработени и нивните семејства.

Тој посочи дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише, иако како менаџер имал таква обврска.

– Како менаџер, иако сум имал обврска да ги проверувам сите документи пред да ги потпишам, тоа не го направив верувајќи цврсто во својот тим, рече Кочан.

И Авировиќ во завршните зборови се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари. Според него, обвинението е неосновано и дополнително ја загрозило неговата кревка здравствена состојба.

Обвинетиот Ватиќ во завршните зборови, исто така, рече дека не се чувствува виновен и очекува да биде донесена ослободителна пресуда.

Претставникот на „Трансмет“ ДОО Скопје, Сабина Аломеровиќ рече дека се приклучува на завршните зборови на бранителите на правното лице и во целост стои зад нив. Таа посочи дека очекува ослободителна пресуда за правното лице „Трансмет“ ДОО Скопје.

Адвокатот Јован Јоанидис, кој е застапник на правното лице „Силекс неметали СТ“ рече дека Судот коректно ја водел целокупната постапка и очекува да биде донесена одлободителна пресуда за сите.

Според него, во овој предмет нема елементи на кривичното дело кое што им се товари на сите обвинети.

СЈО побара тројцата обвинети да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра.

Освен барањето за конфискација на имотот, СЈО одлучи третообвинетиот во овој случај Сафет Васиќ да го гони за помагање и го повлече обвинението за неговата фирма „Вато“ ДОО Студеничани.

Во „Труст“ првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан и уште двајца, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, а со обвинението опфатени се и фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ кои според обвинението, здружени во конзорциум, доставиле фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност со цел да добијат тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен во Суводол за 17 милиони евра. Судењето започна лани во ноември.

„Бомбите“  за „дебелиот“ и „ибицата“

Специјалното јавно обвинителство меѓу останатите докази презентира и разговори од „бомбите“, меѓу кои еден од нив веќе беше објавен, меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и првиот човек на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, додека другите повече од десетина беа до сега за јавноста неслушнати.

Во разговорите главно меѓу генералниот секретар на владата Кирил Божиновски и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, се договарало како Владата да ги здружи фирмата на Кочан и „Силекс неметали“на Горан Иванов, сопственикот на ТВ Сител за да можат заедно да победат на тендерот за ископ на Електрани на Македонија.

„Овие двете големи компании ќе си одат сами, а овие тројцава, ќе ги здружиме. Ако се појави некој поевтин, ќе го попапаат. Но ако не добие дебелиот, ние ќе изгубиме“, анализира Божиновски пред Чинговски.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) појасни дека „дебелиот“ е Горан Иванов, сопственик на „Силекс неметали“, чиј управител е Василије Авировиќ, кој е второобвинет во случајот „Труст“.

Чинговски признава дека „дебелиот“ и „ибицата“ (Сеат Кочан) исполнувале само 80 отсто од условите во тендерот, а немале ни финансиски извештаи.

Двајцата се договараат како машините што ги имал Кочан под наем, ќе ги уважат во постапката како негови. А тоа што од 27 камиони имал само 20, ќе му прогледаат низ прсти, зашто тие седум биле слични на тие што се барале во тендерските услови. Тие уште разговараат како да не го „зафркнат единствено телевизорот“ (Горан Иванов).

Во разговор помеѓу Чинговски и Иванов пак, Иванов на забелешка на Чинговски дека другите фирми можат да се жалат на постапката на тендерот, Иванов му вели дека „другите не смеат да се жалат и дека мора да се стегнат“ по што упатува низа пцовки и погрдни зборови на сметка на градежната фирма „Гранит“.

Бегството на Кочан и одлуката на Врховен

Лани во март Кривичниот суд му одреди притвор на Сеад Кочан, но тој уште истата вечер исчезна и речиси два месеци не му се знаеше трагата. Неговиот адвокат само тврдеше дека тој е на „службен пат“ Во меѓувреме Кривичниот суд по барање на Специјалното јавно обвинителство замрзна имот и три сметки на сопственикот на „Трансмет“, а Врховниот суд во мај заседаваше и донесе одлука за укинување на притоворот, која за многумина беше контроверзна и беше поврзувана лично со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски наводно поради неговите врски со претходната власт.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија тогаш реагираше дека оваа одлука на Врховен отвора сериозен сомнеж за политички влијанија за усвојување на незаконското решение, кое според оваа организација е преседан кој е во спротивност со принципот на владеење на правото.

По ова случајот се врати во Кривичниот суд на повторно одлучување, каде адвокатот на Кочан Никола Додевски тврдеше дека Кочан не бил во бегство, туку бил болен. Кривичниот суд во мај лани одлучи Кочан да достави гаранција од речиси 900.000 евра и му одреди мерки на претпазливост наместо притвор.

Освен контроверзноста околу одлуката на Врховниот суд за притворот на Кочан, случајот стана познат и по тоа што во времето кога Кочан беше недостапен за полицијата државните електрани (ЕЛЕМ) склучиле договор вреден 2,5 милиони евра со повеќе фирми, од кои „Трансмет“ добила околу 150 илјади евра.

Овој случај заврши со тврдењето на ЕЛЕМ дека Трансмет се откажала од договорот, бидејќи компанијата не била во можност да ги исполни обврските од договорот, за што државните електрани ќе ја активирале банкарската гаранција од 300.000 евра.

Авировиќ Ватиќ ЕЛЕМ Кочан пресуда РЕК Битола Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
ФОКУС
March 26, 2026Updated:March 26, 2026

Петмина  уапсени за дојавите за бомби во тетовските училишта – само еден е полнолетен

ВЕСТИ March 26, 2026

Тројца малолетни жители на Тетово и околината денеска се уапсени под сомнение дека биле вмешани…

Техеран го отфрла планот на Трамп – има свои услови

March 26, 2026

Иран тврди дека е погоден американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

March 25, 2026

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

March 23, 2026
ТИКЕР

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026

Хрватска со итни мерки за нафтната криза

March 21, 2026

Кина му предложи обединување на Тајван во име на енергетска безбедност

March 18, 2026

Амбасадор на Иран во Русија: Планот на Трамп не успеа

March 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.