Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ нема да учествува во партиски консултации за ад-хок медиумско тело

1
By Нова ТВ on July 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 21, 2016 13:38

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) нема да учествува во предвидените партиски консултации со новинарските организации за  формирање на ад-хок тело кое ќе го мониторира медиумското известување.

Според претседателот на ЗНМ Насер Селмани договорот уште повеќе го партизира медиумскиот систем и токму затоа Здружението  нема да дадат легитимитет на таков договор. Тој вели дека ЗНМ и понатаму ќе врши притисок и ќе ги алармира сите меѓународните организации за ситуацијата, меѓутоа, според него, доколку во општеството нема критична маса, не може никој од надвор да наметне стандарди и правила на однесување.

-Сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијание. Ад-хок партиското тело во рамките на Агенцијата на медиуми е неприфатливо за нас. Единствено решение е избор на нов Совет на Агенцијата каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за фомирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи партиски решенија кои нема да бидат во интерес на новинарите. Секоја друга можност што ќе ја имаме, ќе алармираме и ќе ја информираме јавноста дека тие решенија се неприфатливи, изјави Селмани.

Формирањето на ад-хок тело доаѓа по вчерашниот постигнат партиски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Партиите се договориле ова тело да биде составено од 5 члена, избрани по консултации со релевантните професионални организации.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе одберат четири члена, од којшто едниот ќе биде Албанец, а избраните четврорица, ќе имаат 15 дена со консензус да го одберат петтиот член.

Телото треба да се формира 30 дена по вчера постигнатиот договор. Ќе функционира до завршувањето на изборниот процес и ќе врши проценка на балансираното известување.

Првиот прекршок што ќе го регистрира ад-хок телото, ќе биде санкциониран со предупредување, а евентуалниот втор сноси парични казни.

Според договорот, иту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак, според договореното, треба да се разликува од пласирање на информација.

Во делот за медиумите од Договорот исто така се предвидува најголемата опозициска партија да номинира уредник на информативната редакција на МРТВ од експерти на ова поле, кој ќе биде на функцијата сто дена пред избори.

-Апсурдно е решението за МРТВ, партискито уредник на власта, ќе се замени со партискиот послушник од опозицијата. Со тоа уште повеќе ќе се засилува партискиот притисок врз МРТ кој место сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси. Ако сакаме независен и професионален јавен сервис, раководните структури на МРТ треба да се департизираат и да се обезбеди независен и одржлив извор на финансирање, вели Селмани.

Според ЗНМ, очигледно е дека кај потписниците на Пржино нема партиска волја за вистинските реформи во медиумите.

Оттаму велат дека граѓаните ќе имаат можност на избори да ги санкционираат овие партии кои, според ЗНМ, сакаат да ги користат медиумите како пропагандна машинерија.

 

ВМРО-ДПМНЕ ДПА ДУИ ЗНМ медиуми мртв преговори Пржино СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.