НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Додевски:СЈО сака да го затвори Кочан затоа што е сопственик на медиум

0
By Нова ТВ on March 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Против Сеад Кочан е направена цела конструкција, само затоа што тој е сопственик на медиум и целта е да наштети на неговиот углед, истакна на денешната јавна седница на Апелацискиот суд, адвокатот Никола Додевски, бранител на Кочан, првоосмничениот во случајот „Труст“ на СЈО.

Адвокатот Додевски истакна дека решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 е незаконско и неправосилно и врз основа на него, не може да се бара апсење и да се распишува потерница против Кочан.

Додевски го проблематизираше и рокот во кој Апелацискиот суд треба да донесе одлука. Според Додевски, судиите на Кривичниот совет на Основниот суд во петокот минатата недела, кога била поднесена жалбата на одлуката за притвор, ја оставиле во архива и си заминале на викенд.

Тој на седницата рече дека со решението за притвор се прекршени одредби од Европската конвенција за заштита на човековите права и дека против Кочан е направена цела конструкција со единствена цел тој и неговиот медиум да бидат замолчени.

„Нема потреба од притвор. Единствената потреба за притвор е тој да биде затворен, а неговиот медиум замолчен. Не знам од кои причини. Обвинителството бара притвор за Сеад Кочан затоа што тој е сопственик на Телевизијата Нова, а не затоа што учествувал на тендер. СЈО имаше дискриминаторско однесување кон обвинетите. За Кочан се бара притвор, а за другиот осомничен само мерки за претпазливост. Но причината зошто обвинителството сака Кочан да го стави во притвор е затоа што тој е сопственик на Телевизијата Нова. Не заради машините. Ако сакате неосновано да затворите сопственик на медиум без оглед поради која причина, го прекршувате членот 10 од ЕКЧП за правото на изразување“, им рече Додевски на судиите од Апелација.

Адвокатот на Кочан рече и дека работата за која е добиена јавната набавка е завршена и за сите, освен за СЈО, било ирелевантно дали машините кои ги понудило конзорциумот биле земени на лизинг, позајмени или купени. Важно било дека работата е завршена. Додевски рече и дека бројот на работници кои требало да ги има фирмата што ќе го добие тендерот бил двојно поголем, а не помал . Според него, СЈО извадиле погрешна дробилка од интернет, но дека онаа која ја дал Кочан била според спецификациите во тендерот. Тој додаде и дека Кочан отишол на службен пат уште пред да биде донесено решението за притвор, а во медиумите се правело хајка против него.

Од Специјалното јавно обвинителство пак, на наводите на одбраната рекоа дека со самото тоа што веќе неколку дена не се знае каде е Кочан, само се потврдиле нивните стравувања за можноста од бегство, што е и една од причините за барањето за притвор.

Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека случајот е јасен и дека Сеад Кочан бил на граница истиот ден кога било донесено решението за притвор и дека оттогаш се наоѓа во бегство.

„Сеад Кочан е побегнат. Сеад Кочан го нема седум-осум дена и не се знае каде е. Какво службено патување! Во законот се наведува опасноста од бегство. Овде имаме бегство. Ние уште во првиот предлог ги изложивме нашите стравувања за можноста од бегство“, рече Бубевски.

Обвинителот Ајро Артан рече дека самиот Кочан пред судијата за предистражна постапка рекол дека тој раководи со фирмите и од таа причина нема шанси да бега. Како што рече обвинителот, промени со управувачката состојба на фирмата се направени потоа и Кочан не е повеќе управител.

Јани Нича, Лилјана Шопова и Африм Фидани се судиите кои ќе одлучуваат по жалбата на одбраната на Кочан за притворот кој беше доделен од Кривичниот совет и нивната одлука ќе биде конечна. Притворот за Кочан го побара Специјалното јавно обвинителство во врска со случајот „Труст“ каде што тој како овластено лице на семејната компанија „Трансмет“ се сомничи дека го оштетил буџетот на државата за 17 милиони евра.

Се уште не се знае, кога ќе биде донесена одлуката дали Апелацискиот суд ќе ја прифати жалбата или пак ќе ја остави мерката притвор.

Апелациски суд одлука осомничен притвор Сеад Кочан седница СЈО Трансмет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.