НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: Европа мора да ја земе иднината во свои раце

0
By Нова ТВ on May 29, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската канцеларка Ангела Меркел апелира на единство во Европа, откако најпрво на ЕУ и се слуќи Брегзит, а сега и доминација на Доналд Трамп на европско тло за време на Г7 самитот.

– Ерата кога можевме комплетно да се потпреме на други е завршена. Ова го заклучив изминативе неколку дена. Ние како Европа мораме да ја земеме иднината во свои раце, во пријателство со САД, со Велика Британија и како добри соседи со сите други како Русија и останатите, порача Меркел пред сестринските партии на нејзината партија.

Според германската канцеларка, Европјеците треба да се борат за својата иднина и судбина.

За време на Г7 самитот во Сицилија, како и состаноците во НАТО во Брисел неодамна, европските лидери на моменти имаа помалку чудна интеракција со американскиот претседател Доналд Трамп, што можеше да се забележи од видеата кои ги пласираа медиумите.

Трамп дојде и го впери прстот во одредени членки на НАТО, алудирајќи дека тие не плаќаат онолку средства колку што треба во Алијансата, а во меѓувреме успеа да на ја навреди Германија со зборовите дека таа е “многу лоша“.

Бидејќи ова стана предмет на многу прашања за ставовите на Трамп кон најмоќната членка на ЕУ, во јавноста се јави Гери Коен, шеф на Националниот совет за економија, кој рече дека Трамп мислел на трговијата на Германија а не “лоша земја“ како целина.

Уште една работа која ги загрижува Европејците е што Трамп им порача дека можно е по враќањето во САД да излезе од договорот за климатските промени потпишан од претседателот Барак Обама во 2015.

Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија би останале без САД во тој договор, ако се знае дека Трамп во предизборната кампања, како и повеќето членови во неговата администрација сметаат дека проблемот со климатските промени не е реален и дека Америак трошела пари за џабе на таа програма.

Г7 Германија ЕУ Меркел НАТО САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.