НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓиев: Трите победи во Скопје не смеат да нè опуштат во Тирана

0
By Нова ТВ on June 21, 2017 СПОРТ
Фото: cev.lu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патот е трасиран, првото полувреме од мисијата Фајналфор беше одлично одработен во СРЦ „Кале“ и во Албанија се заминува по континуитет на победничката низа и за потврда на приматот во групата А. Ваков заклучок, но и најави и очекувања испорача македонската машка одбојкарска репрезентација пред вториот турнир во годинашното издание на Европската лига што ќе се одржи во „Олимпик парк“ во Тирана.

„Она што е зад се максимални девет освоени бода, она што е пред нас е неопходност од само една победа за сигурно учество на Фајналфор турнирот. Резултатите од Скопје оставаат многу простор и за тактичко воигрување во Тирана, секако, по осигурување на целта. Не очекувавме дека ќе бидеме така убедливи на првиот турнир, но тоа никако не смее да значи опуштање пред вториот. Потребно е да останеме мирни, да го задржиме истиот пристап, да наметнеме и негуваме наш стил на игра и ментално да се подигнуваме за завршницата“, истакна македонскиот капитен, Никола Ѓорѓиев.

Македонија, навистина, беше убедлива на трите меча во Скопје што најдобро се отсликува низ играта и резултатите. За 102 минути беше совладан Азербејџан на стартот со 3:0 (по сетови: 25:19, 25:19, 25:20), за 81 минута беше добиена Албанија во второто коло со 3:о (по сетови: 25:21, 25:16, 25:22) и за 104 минути беше архивирана и Шведска во последното коло со 3:1 (по сетови: 24:26, 25:17, 25:18, 25:18). Најмноги винери во нив запиша токму Ѓорѓиев. Играчот на полски ОНИКО од Варшава забележа вкупно 72 (22 против Азербејџан, 23 против Албанија и 27 против Шведска). Александар Љафтов и Владо Милев беа одлични на прием, Ристо Клопчевски во блокот, а меѓу поентинерите со завиден ефект, и Маџунков.

„Успешно го завршивме првиот дел од Европската лига. Настапите во Скопје се одлична основа да очекуваме идентични и на вториот турнир во Тирана каде ќе бидеме посилни и за Ѓоко Јосифов кој се врати во репрезентацијата. Задоволен сум од работата на одбојкарите во изминатиот период и овие три дена по викендот, во наша полза оди и здравствениот билтен и со голем оптимизам одиме во Албанија“, порача Драгутин Балтиќ, селектор на Македонија.

Фајналфор турнирот во Европската лига за 2017 година ќе биде во Данска на 1 и 2 јули. Натпреварите ќе се играат во Гентофте, гратче на истокот на земјата. Покрај домашната репрезентација, меѓу најдобрите четири обезбеди и Украина од групата Б, останатите две места ќе бидат пополнети по турнирот во Тирана од 23 до 25 јуни.

Драгутин Балтиќ Европска лига Македонија Никола Ѓорѓиев Одбојка Тирана Фајналфор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.