Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет: Полина Кузнецова во ЖРК Вардар како замена за Херем и Мавсар

0
By Нова ТВ on June 29, 2017 СПОРТ
Фото: rushandball.ru
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 29, 2017 12:50

Полина Кузнецова (30) е нов лик во соблекувалната на ЖРК Вардар. Руската репрезентативка и македонскиот женски ракометен првак потпиша договор на две години со можност за негово продолжување и во Скопје доаѓа како замена за Норвежанката Камила Херем и Словенката Тамара Мавсар кои по завршување на сезоната спогодбено ја раскинаа соработката.

„Договорот со Вардар е на две години. Одамна имам желба да заиграм во странство што, конечно, се оствари. Пресреќна сум што ќе бидам дел од така професионален клуб. Ќе дадам максимум за оправдување на укажаната доверба, верувам во уште поголем личен напредок во новата средина и се надевам дека ќе бележиме добри игри, ќе имаме добри резултати и ќе освојуваме титули“, изјави Кузнецова за интернет страницата на Руската ракометна федерација.

Кузнецова игра на позицијата лево крило. Висока е 168 сантиметри и меѓу „црвено-црните“ пристигнува како слободна ракометарка. Минатата сезона ја мина во тимот на Кубан Краснодар, но вториот дел го пропушти поради повреда и подолг период на рехабилитација што беше неопходен по хируршката интервенција во декември. Претходно, во летниот период во 2016 година, беше дел од селекцијата на „зборнаја“ која го освои златниот медал на олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Одличје со ист сјај има и од СП 2005 во Русија и од СП 2007 во Франциа и сребро од ЕП 2006 во Шведска.

Со ангажманот на Кузнецова се зголемува и руската ракометна колонија во СЦ „Јане Сандански“ на осум лица. Дел од машката екипа на „црвено-црните“ се Тимур Дибиров и Данил Шишкарев, за женската веќе подолго време играат Ина Суслина и Татана Хмирова, за нивни тренер неодамна беше назначена Ирина Полторацкаја, спортски директор во клубот е Едуард Кокшаров (носител на злато од Игрите во Сиднеј), а газда на двата клуба е бизнисменот Сергеј Самсоненко.

ЖРК Вардар Полина Кузнецова ракомет трансфер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.