Вардар ќе остане на координари за Скандинација и во третото квалификациско коло за УЕФА Лигата на шампиони. Македонскиот фудбалски првак би играл со победникот од двомечот меѓу Жилина и Копенхаген доколку успее да го мине Малме.
Иако се е отворено во дуелите со шведскиот претставник, сепак, „црвено-црните“ имаат одлични 1:1 од „Сведбанк арена“ во средата пред возвратниот дуел на стадионот „Младост“ во Струмица.
Затоа, пак, се наѕира победникот во словачко-данската пресметка. Копенхаген го доби првиот натпревар на гости со 3:1 што би требало да е доволен за елиминација на Жилина.
Двојки за 3 коло за Лига на шампиони
Лига Рута
ФЦСБ (Романија) – Викторија Плзен (Чешка)
Ница (Франција) – Ајакс (Холандија)
Динамо Киев (Украина) – Јанг Бојс (Швајцарија)
АЕК (Грција) – ЦСКА Москва (Русија)
Бриж (Белгија) – Истанбул Башакшехир (Турција)
Рута на шампиони
Група 1
Славија Прага – БАТЕ Борисов/Алашкерт
Спартакс Јурмала/Астана – Мариехам/Легија Варшава
Зрински/Марибор – Хафнарфјордур/Викингур
Жилина/Копенхаген – Малме/Вардар
Линфилд/Селтик – Дандалк/Розенборг
Група 2
Хапоел Бер Шева/Хонвед – Жалгирис/Лудогорец
Виторул – АПОЕЛ/Диделанж
Хибернијанс/Салцбург – Риека/ТНС
Карабаг/Самтредија – Шериф Тираспол/Кукс
Партизан/Будуќност – Панатинаикос
Термините за првите мечеви се 25/26 јули, реваншите на 1/2 август