Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет (У21): Македонија тргнува против Русија во Алжир

0
By Нова ТВ on July 18, 2017 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 18, 2017 14:43

Македонија против Русија го почнува третото учество на светските ракометни првенства во младинска конкуренција. Дебитантскиот настап во 1997 година го заврши на 15 место, на мундијалот во 2007 година беше десетта, а на тековното што почна денеска во Алжир посакува да забележи нов напредок.

Оптимизам за добро претставување на ова СП е, секако, присутен меѓу „црвено-жолтите“ кои до него стигнаа без пораз во квалификациите. Ја совладаа Полска со 30:22 и Турција со 39:19 и ремизираа (21:21) со Португалија што беше доволно за прво место во групата.

Филип Талески и Мице Шилегов се издвоија како клучни играчи во составот на Илија Темелковски во квалификациите. И ракометарот на германски Рајн Некар Левен и на Металург 2 постигнаа по 20 гола во пресметките против Полјаците, Турците и Португалците, па затоа од нив се очекува да бидат двигатели на националниот тим и сега во Алжир. На нивните квалитети и ефикасност во нападот се темелеше и физиономијата на репрезентацијата за претстојните мечеви.

Ждрепката за СП во Алжир ја смести Македонија во групата Ц заедно со Шпанија, Тунис, Бразил, Буркина Фасо и денешниот ривал Русија.

Распоред на натпревари Македонија на СП во ракомет (У20) во Алжир

18 јули: Македонија – Русија (15 часот)

20 јули: Буркина Фасо – Македонија (21 часот)

21 јули: Тунис – Македонија (19 часот)

23 јули: Македонија – Шпанија (19 часот)

24 јули: Македонија – Бразил (19 часот)

Алжир Македонија ракомет Русија Светско првенство У20
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.