НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка: МЗТ Скопје без Ивица Коневски во иднина, општината останува

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе влезе во новата сезона без градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски. Раководството на клубот од СЦ „Јане Сандански“ е известено за неговата одлука, но, според сознанија на Нова ТВ, општината ќе остане донатор на „штрковите“ и за наредната сезона. Финансиската конструкција за сезоната 2017/18 најавено е дека ќе биде испочитувана и средствата што се проектирани за потребите на нормално функционирање на екипата ќе бидат ставени на располагање.

Како една од причините за новонастанатана ситуација се наведуваат заладените односи меѓу Коневски и навивачката група „Фемили“ чија поддршка за кошаркарите во изминатиот период беше условена со ваков потег од првот човек на локалната самоуправа. Но, има и такви со политичка позадина. Добро упатени во општинските прилики го поврзуваат гестот на Коневски и со претстојните локални избори на кои, според нив, опозициската партија на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ, ќе исфрли друг кандидат за градоначалничката функција.

Општина Аеродром управува со МЗТ Скопје од 2012 година по законската обврска за трансформација на спортските клубови од здруженија на граѓани во акционерски друштва. Зделката беше комплетирана преку фирмата „Кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје“ и со основачки капитал од 25.000 евра презеде 75 отсто од хартиите од вредност додека 25 отсто задржа компанијата „Орка холдинг“ која во сезоните 2010/11 и 2011/12 беше доминантен финансиер на „штрковите“.

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром во 2012 година ја освои првата шампионска титула во домашното првенство што од тогаш ја бранеше уште пет пати. „Металците“ во изминатите пет години освоија и четири трофеи во Купот на Македонија и се редовни учесници во регионалната АБА лига.

градоначалник Ивица Коневски кошарка МЗТ Скопје Аеродром одлука општина повлекување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.